Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива
се наоѓате во:HR Награди
HR Награди

Комисија за избор на HR менаџер на годината


Комисијата за избор на HR менаџер на годината се состои од пет членови, експерти во областа на човечките ресурси со најмалку 10 годишно искуство и тоа двајца од академската област, двајца професионалци од бизнис средината и HR професионалец носител на титулата HR менаџер од минатата годината т.е. првата година член на комисијата ќе биде Претседателот на МАЧР.

Членовите на комисијата се предложени и изгласани од страна на Управниот одбор и Надзорниот одбор на МАЧР. Секој член на комисијата ќе потпише „Договор за доверливост“, со кој ќе се заштитат доверливите информации споделени во текот на процесот на избор на HR менаџер.

Комисијата изборот на HR менаџер на годината го прави врз база на однапред дефинирани критериуми притоа следејќи ја чек листата и водејќи се по највисоки етички и професионални принципи во работењето. Доколку се јави конфликт на интереси т.е. ако некој член на комисијата треба да врши евалвација на свој претпоставен тогаш во збирната евалвацијата на комисијата нема да биде влезена евалвацијата од тој член од комисијата.

Одлуката на комисија за избор на HR менаџер на годината е неотповиклива, нема можност за поднесување на жалба за промена на истата.

Членови на Комисијата за избор на HR менаџер на годината се следните:

 

Доц. д-р Ефтимов Љупчо

Професор по предметите Менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси на Економски факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје; Раководител на постдипломскиот студиум Стратегиски менаџмент на човечки ресурси; Консултант во областа на организациските стратегии и менаџментот на човечките ресурси; Член на управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси.

 

м-р Ана Салтирова Давидовски

Менаџер за Човечки ресурси во АМСМ.
Од 2005 активно работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини. Нејзиниот интерес е насочен на можностите за развој на секој „просечен“ поединец, како и унапредување на работата со учење од разликите. Фокусот и професионалниот предизвик за неа се наоѓа некаде помеѓу теоријата и практиката, имплементирање и адаптирање на успешните практики, за поотворено и побрзо справување со промените притоа застапувајќи го холистичкиот пристап. Потрагата по истото ја има однесено до запознавање со NLP (неуро-лингвистичко програмирање), по што се вклучи во првата група во Македонија за систематизирано изучување на NLP според стандардите на IANLP – International Association for NLP, понатамошната обука ја продолжи во Белград, а сега е пред стекнување на последниот степен NLP Тренер. Активно се занимава со NLP од 2008 година. Таа е магистер по Менаџмент на Човечки ресурси. Ана Салтирова Давидовски е член е на МАЧР од самиот почеток, краток период е потпретседател на Комисијата за Едукација и Тренинг, а од мај 2013 е член на Управниот Одбор на МАЧР.

 

Доц. д-р Ана Томовска-Мисоска

Ана докторирала на School of Education, Queen's University Belfast во областа на психологијата. Во моментов е доцент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје каде што предава предмети од областа на Психологијата и Менаџментот на Човечки Ресурси. Во текот на својата кариера работела на голем број истражувачки и апликативни проекти во Македонија и Северна Ирска. Нејзиното поле на интерес ги опфаќа различните аспекти од функционирањето на организациите како на пример организациската култура и особено човечкиот аспект на организациите. Нејзините трудови се објавени во различни меѓународни изданија.

 

м-р Ивана Дојчиновска- Стојановиќ

Ивана е ЧР професионалец со повеќегодишно искуство во менаџирање со луѓе, со специјалистички фокус на производни системи. Од 2010 година раководи со Секторот за ЧР во Вабтек МЗТ АД Скопје, производител на сопирачки за шински возила кој вработува над 300 луѓе. Во своето кариерно портфолио има забележено над 12 години искуство во меѓународната развојна соработка како лидер на проекти за развој на работна сила, реформи во средно стручно образование, поврзување на образованието и бизнисот и вработување во Македонија и регионот. Магистрирала Менаџмент на човечки ресурси на Инстиутот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Таа е сертифициран советник за кариера (GCDF – Global Career Development Facilitator) и сертифициран обучувач на советници за кариера, обучен професионалец за односи со јавност, лиценциран ментор за практиканти и овластен преведувач од германски јазик. Во рамките на наградата „HR менаџер на годината 2014”, МАЧР ја одликуваше со признание за особени достигнувања во професијата. Ивана е основач и член на УО на Асоцијацијата на советници за кариера (АСК) и член на УО на МАЧР од 2015.

 

м-р Стефан Јовановски
раководител на одделот за ЧР во Оне.Вип Доо 
(Прогласен за HR менаџер на 2016 година)

Стефан Јовановски е дипломиран економист и магистер по менаџмент на човечки ресурси. Стефан има работено во повеќе организации и стекнато огромно корпоративно искуство (20 години) така што станува збор за професионален профил кој чувствува и знае како пулсираат и каде се движат комапниите. Поголемот дел од своето искуство г. Јовановски го има стекнато во одделот на ЧР (18 години) што му обезбедува знаење и експертиза во повеќето HR практики – плати, бенефиции, релации со вработените, организациска архитектура, организациска структура, евалуација на работен учинок итн. Стефан бил и е постојан член на проектите и тимовите кои ги носат промените и придонесуваат организацијата да биде модерна, современа и просперитетна. Поради тоа што Стефан е долги години HR менаџер во големи интернационални компании тој лесно препознава кога падовите во работните резултати се последица од недоволна обученост и некомпетентност на вработените, како и недоволна искористеност и несоодветно управување со индивудуалниот потенцијал и ресурси. Стефан беше дел од тимот кој за прв пат спроведе евалуација и управување со  работниот учинок во некогашен “Космофон” во далечната 2004 г., кога таа пракса беше скоро непозната во нашата држава.
Главен фокус на Стефан денес е обезбедување на услови за развој на вработените заради целосно искористување на нивниот работен потенцијал како и етаблирање на организациската култура и водство кое ќе биде на висина на оваа задача.
Денес Стефан е на позиција раководител на одделот за ЧР во Оне.Вип и предавач на различни теми од областа на МЧР во корпоративни услови,. Оваа година доби и јавно признание за својот придонес во развојот на HR одделите во Македонија.

Членови на комисија за Избор на HR менаџер за 2016 година

Членови на комисија за Избор на HR менаџер за 2015 година

Членови на комисија за Избор на HR менаџер за 2014 година

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член