Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива
се наоѓате во:АКТИВНОСТИ
АКТИВНОСТИ

ALPE ADRIA Meeting, 12.11.2010, Трст


Претседателот на Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) Дарко Маџоски и членовите на Управниот одбор Дарко Петровски и Христина Лозаноска на 12.11.2010 година учествуваа на ALPE ADRIA Meeting организиран од страна на Италијанската ХР асоцијација (AIDP) во Трст. Главна тема на состанокот беше “Трудот и ефикасноста во управувањето со интеркултурни организации”. Претставниците на МАЧР имаа презентација на тема: „Економската состојба и пазарот на трудот во Република Македонија “.

Од страна на Филипо Абрамо, новоизбраниот претседател на Европската асоцијација за човечки ресурси,  беше посебно истакнато значењето на ваквиот вид соработка меѓу националните Асоцијации за човечки ресурси во регионот  бидејќи претставува платформа за сите видови активности.

Врз основа на досегашната соработка на овој состанок, помеѓу претставниците на Словенечката ХР асоцијација (ZDKDS) и МАЧР беше финално потпишан меморандумот за соработка. Претседателот на МАЧР, потенцира дека ова е добра подлога за учество во заеднички проекти во интерес на МАЧР и Словенечката ХР асоцијација , а посебно на членовите на двете асоцијации и дека ова е можност за членови на МАЧР да се вмрежат со членови на Словенечката ХР асоцијација. Претседател на ZDKDS изрази задоволство што на иницијатива на МАЧР дојде до интензивна соработка и дека тие се отворени за помош на колеги и за соработка на заеднички проекти.

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член