Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива
се наоѓате во:АКТИВНОСТИ
АКТИВНОСТИ

Состанок на ЕАПМ, 20-21.01.2011, Атина

Представниците на Македонската асоцијација за човечки ресурси Дарко Маџоски, Претседател и Кирил Миноски, Генерален секретар учествуваа на состанокот на Извршниот одбор на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM) што се одржа во Атина од 20 д 21 Јануари 2011 година. Покрај другите точки на дневниот ред се разгледуваше и предлогот за регионална соработка, во рамките на кој како прв пилот проект поддржан од ЕАМП ќе се работи на воспоставување на стандардизација на ХР професијата и професионалната квалификација во регионот. Беа изнесени повеќе мислења и ставови од претставниците (претседателите, извршните директори и генералните секретари на поединечните ХР Асоцијации) во однос на областите во кои постојата најголеми перспективи за соработка на регионално и европско ниво. Имајќи ги во предвид трендовите на глобализација на светскиот пазар и тенденцијата за создавање на глобални стандарди, во рамките на ЕАПМ беше формирана работна група, која што ќе работи на создавање на Европска платформа за професионална стандардизација.

Македонската делегација, топло прифатена од Грчките домаќини, го изнесе ставот за потребата од професионализација и стандардизација на луѓето во ХР фелата, меѓутоа и во сите други области, се со цел развој на човечкиот капитал и промоција на концептот на доживотно учење. Со колегите од ЕАПМ од страна на МАЧР беа споделени наодите од истражувањето што беше спроведено за потребата од ХР сертификација, проблемите со непостоење на адекватни курикулуми за академско образование во областа на човечки ресурси кои би биле меѓународно верификувани, како и проблемот со висината на цената на сертификатите кои треба да бидат прилагодени на економските услови во пооделни земји.

На крај беше усвоен предлог за формирање на Работна група  која ќе ја промовира регионалната соработка и истата ќе ја предводи Филипо Абрамо, новоизбраниот Претседател на ЕАПМ.

 

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член