Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива
се наоѓате во:За нас
За нас

Управен одбор на МАЧР

Управниот одбор на МАЧР е составен од 9 членови:

  • Христина Лозаноска
  • Дарко Петровски
  • Љупчо Ефтимов
  • Ана Салтирова Давидовски
  • Ана Томовска Мисоска
  • Магдалена Славејкова
  • Драги Тасевски
  • Ивана Дојчиновска Стојановиќ
  • Дојранка Анастасовска Цветковска
                        

 м-р Христина Лозаноска
Претседател на Управниот одбор и МАЧР
Раководител на отсек за развој на човечките ресурси во НБРМ

Христина е претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси од 2012 година, моментално работи како раководител на отсекот за развој на човечки ресурси во Народната Банка на Република Македонија, а зад себе има повеќе од 16 годишно работно искуство во НБРМ на повеќе работни позиции, од кои 10 години во областа на управувањето со човечките ресурси. Професионалните ангажмани ги надополнува со активни учества во процесите за стандардизација во професијата HRM, како претседател на Техничкиот комитет ТК 42 за HR стандарди под Институтот за стандардизација на РМ. Исто така има активно учество во проекти за развој на професијата и развој на човечкиот капитал во земјата, како консултант. Како гостин- предавач има одржано обуки на катедрите за менаџмент на човечки ресурси на државниот Економскиот Факултет во Скопје, како и на Универзитетот Американ Колеџ. Христина е магистер на Економскиот факултет во Љубљана (КМБА), по Менаџмент и организација, со специјализација во менаџментот со човечките ресурси, на тема HRM Модели.


м-р Дарко Петровски
Член на УО и Генерален секретар на МАЧР

Дарко е еден од основачите на МАЧР, каде придонесуваше како член на УО и претседател на Надзорниот одбор, а на последното Собрание во мај 2015 беше избран за Генерален секретар на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Дарко помина речиси 9 годишен работен ангажман како раководител на одделот за човечки ресурси и организација во ЕВН, една од најголемите компании во Македонија. Пред тоа, тој беше на чело на Канцеларијата за економски прашања при Австриската амбасада во Скопје. Дарко е ко-основач и партнер во Динамик Консалтинг и во Куп Серт, каде учествува во проекти како менаџмент консултант во различни области. Покрај професионалниот ангажман, Дарко бил и е сеуште активен во повеќе организации како Организацијата на работодавачи на Македонија, Националниот економско-социјален совет, Локалниот економско-социјален совет на град Скопје, Техничкиот комитет за менаџмент со човечките ресурси (ТК42) при Институтот за стандардизација на РМ, Националниот совет за претприемништво и конкурентност, советодавните одбори на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Дарко магистрираше економски науки на Економскиот факултет во Љубљана и е мастер по бизнис администрација, со специјализација во менаџментот со човечките ресурси, а исто така е дипломиран машински инженер и автор на повеќе научно-истражувачки трудови.


Доц. д-р Ефтимов Љупчо
Член на УО на МАЧР
Професор на Економски факултет- Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Професор по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси на Економски факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје; Раководител на постдипломскиот студиум Стратегиски менаџмент на човечки ресурси; Долгогодишен консултант во областа на организациските стратегии и менаџментот на човечките ресурси; Член на управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси (втор мандат), Член на Советодавниот одбор на директори на Бизнис центарот за тренинг и обуки при Стопанската комора на Македонија, Член на Техничкиот комитет за менаџмент на човечки ресурси (ТК42) при Институтот за стандардизација на Р. Македонија, Член на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Република Македонија. Истражувач во областа на Менаџмент на човечки ресурси и менаџментот на перформанси на Универзитот Оксфорд во Велика Британија (2006-2007). Проектен лидер или експерт на повеќе меѓународни или национални проекти од областа на развојот на човечките ресурси, автор или ко-автор на универзитетски учебник по Менаџмент на човечки ресурси како и на десетици научни трудови од областа објавени во меѓународни научни списанија.



м-р Ана Салтирова Давидовски
Член на УО на МАЧР
Менаџер за Човечки ресурси во АМСМ

Ана моментално е на позицијата Менаџер за Човечки ресурси во АМСМ. Од 2005 активно работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини. Нејзиниот интерес е насочен на можностите за развој на секој „просечен“ поединец, како и унапредување на работата со учење од разликите. Фокусот и професионалниот предизвик за неа се наоѓа некаде помеѓу теоријата и практиката, имплементирање и адаптирање на успешните практики, за поотворено и побрзо справување со промените притоа застапувајќи го холистичкиот пристап. Потрагата по истото ја има однесено до запознавање со НЛП, по што се вклучи во првата група во Македонија за систематизирано изучување на НЛП според стандардите на IANLP – International Association for NLP, понатамошната обука ја продолжи во Белград и се има стекнато со степен на НЛП Тренер. Активно се занимава со НЛП од 2008 година. Исто така на оваа тема има напишано повеќе статии за Global HR™ професионален месечен магазин за управување и развој на човекови ресурси, дел од EBSCO дата базата на научни и стручни публикации, како и за Статија.МК, која е дел од Водич за неформално образование (www.no.net.mk) и за е-весникот на Македонската асоцијација за човечки ресурси "Човечки капитал". Таа е магистер по Менаџмент на Човечки ресурси, а преку магистерската теза  со наслов "Програмирање на самоактивноста за развој на личното мајсторство" за првпат го внесе НЛП во академските трудови во Македонија. Исто така е член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси и член е на Комитетот за развој на работна сила во Американската стопанска комора во Македонија.



Доц. д-р Ана Томовска-Мисоска
Член на УО на МАЧР
Професор на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Ана докторирала на School of Education, Queen's University Belfast во областа на психологијата. Во моментов е доцент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје каде што предава предмети од областа на Психологијата и Менаџментот на Човечки Ресурси. Во текот на својата кариера работела на голем број истражувачки и апликативни проекти во Македонија и Северна Ирска. Нејзиното поле на интерес ги опфаќа различните аспекти од функционирањето на организациите како на пример организациската култура и особено човечкиот аспект на организациите. Нејзините трудови се објавени во различни меѓународни изданија.


Магдалена Славејкова, МБА
Член на УО на МАЧР
Менаџер за Човечки ресурси во Цементарница УСЈЕ АД Скопје (ТИТАН Групацијата)

Како Менаџер за Човечки ресурси на локално ниво, нејзината улога е развивање на модели за организациски развој на компанијата, како и развој на вработените и обезбедување на таква организациска култура која придонесува за постигнување на високи деловни резултати. Исто така таа е одговорна и за внатрешните и надворешни комуникации на компанијата и за активностите од општествена одговорност и одржлив развој. Активно работи на развој на човековите права преку Глобалниот Договор, а во 2012 година беше претставник на бизнис заедницата од земјава на Првата конференција за бизниси и човекови права при Обединетите Нации. Магдалена е член на МАЧР од самиот почеток, а во 2014 година беше избрана за Менаџер за Човечки ресурси на Годината, од страна на Асоцијацијата.



м-р Драги Тасевски
Член на УО на МАЧР
Генерален секретар во НЛБ Тутунска банка

Моментално работејќи како Генерален секретар во НЛБ Тутунска банка, Драги управува со неколку оддели меѓу кои: Службата за управување со човечки ресурси и Служба за технологија и организација. Во изминатите години работел како Извршен директор на НЛБ Тутунска Брокер АД Скопје, на повеќе раководни работни позиции во НЛБ Тутунска банка АД Скопје, а работел и како советник во Министерството за финансии на РМ. Член е на Управниот одбор на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ), Централниот депозитар за хартии од вредност АД и бил член на УО на Македонската берза АД, а од мај, 2015 е член на УО на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Драги е магистер по финансии и банкарство на Универзитетот Шефилд во Англија и дипломиран економист на департман Финансиски менаџмент и сметководство на Економски факултет Скопје при УКИМ.


м-р Ивана Дојчиновска- Стојановиќ
Член на УО на МАЧР
Раководител на сектор за човечки ресурси во Вабтек МЗТ АД Скопје

Ивана е ЧР професионалец со повеќегодишно искуство во менаџирање со луѓе, со специјалистички фокус на производни системи. Од 2010 година раководи со Секторот за ЧР во Вабтек МЗТ АД Скопје, производител на сопирачки за шински возила кој вработува над 300 луѓе. Во своето кариерно портфолио има забележено над 12 години искуство во меѓународната развојна соработка како лидер на проекти за развој на работна сила, реформи во средно стручно образование, поврзување на образованието и бизнисот и вработување во Македонија и регионот. Магистрирала Менаџмент на човечки ресурси на Инстиутот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Таа е сертифициран советник за кариера (GCDF – Global Career Development Facilitator) и сертифициран обучувач на советници за кариера, обучен професионалец за односи со јавност, лиценциран ментор за практиканти и овластен преведувач од германски јазик. Во рамките на наградата „HR менаџер на годината 2014”, МАЧР ја одликуваше со признание за особени достигнувања во професијата. Ивана е основач и член на УО на Асоцијацијата на советници за кариера (АСК) и член на УО на МАЧР од 2015.


 

Дојранка Анaстасовска Цветковска
Член на УО на МАЧР

Долгогодишно работно искуство во областа на човечките ресурси, стекнато преку работа во интернационални компании и активно учество во повеќе организации и асоцијации. Своето формално и неформално образование, интереси и искуства ги насочува и надоградува во повеќе области од HR менаџмент како: регрутација и селекција, управување со перформансите на вработените, HR маркетинг, здравје и заштита на вработените, и општествено одговорно однесување. Има искуство во организација на настани и има учествувано како модератор и гостин спикер на неколку домашни и интернационални конференции и работилници. Во МАЧР е член од основањето на Асоцијацијата, ја водеше комисијата за маркетинг и активно учествуваше во креирање на веб страницата, весникот на Асоцијацијата, организација на HR Кафе и модерирање на настани на МАЧР.  


Управен одбор 2012-2015 година

Телефон за контакт: +389 78 389 277
Е -mail адреса: contact@mhra.mk,
Адреса: Ул. 810 бр.2, 
               1000 Скопје 
               Република Македонија

Во МАЧР членството е индивидуално и Асоцијацијата е отворена за секој поединец чијашто  сегашна или идна професија е работа и менаџмент со човечките ресурси...

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член