Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива
се наоѓате во:HRM статии
HRM статии

Стручни статии од членови:

Улогата на интегрираните IT решенија во функција на човечки ресурси

Редефинирање на улогата човечки ресурси

Во денешното современо деловно работење потребата од редефинирање на улогата на функцијата човечки ресурси е од особено значење и станува сериозен предизвик на професионалците во областа.

Идната улога на човечките ресурси лесно може да биде дефинирана доколку ги погледнеме предизвиците со кои секоја организација денеска се соочува:

  • Создавање на организациона култура која ги држи вработените ангажирани
  • Развој на идни лидери
  • Привлекување и задржување на вистинските таленти
  • Оптимизација на резултати од работа и развој на тимот

Персоналната администрација и пресметка на плата остануваат секако важна област во која човечките ресурси мора да останат експерти, овие процеси мора да бидат оптимизирани и де-бирократизирани, како професионалците од областа на човечки ресурси би можеле да се фокусираат на вистинскиот предизвик, а тоа е управувањето со таленти!

Со креирање на соодветни процеси за управување со таленти, професионалците од областа на човечки реусрси можат овие предизвици да ги претворат во поволни можности за своите организации.

Потреба од интегриран пристап за управување со таленти

Сведоци сме дека голем број од дисциплините за управување со таленти како селекција и регрутација, учење и развој, мерење на резултати и квалитет во работењето се повеќе се специјализирани и софистицирани. Меѓутоа со оваа специјализација, човечките ресурси се повеќе се разделуваат во области кои функционираат самостојно и одвоено од другите процеси на функцијата.

Многу често во практиката, одделенијата за селекција и регрутација, учење и развој и мерење на резултати и квалитет во работењето, имаат свои агенди и цели кои не се секогаш меѓусебно координирани.

Ваквата поставеност не оди во прилог на функцијата човечки ресурси, којашто има потреба од детален преглед на работната сила, дури и индивидуалниот вработен-преглед кој ќе биде искористен како основа за носење одлуки и активности на функцијата.

За да може да се развие таков детален преглед, потребно е да се интегрираат софтверските решенија кои се користат за секоја од овие дисциплини на човечките ресурси во еден систем кој ќе ги обедини сите информации од различните процеси на човечки ресурси на едно место.

Онаа што практиката денеска го покажува е дека човечките ресурси обично користат софтверските решенија како би ги оптимизирале своите процеси и би ја подобриле веродостојноста на податоците како и дека често користат различни софтверски решенија, за различни процеси на функцијата.

Доколку сите овие софтверски решенија не се интегрираат во едно, за човечките ресурси ќе биде скоро невозможно да го добие тој детален преглед на работната сила, а со тоа е се подалеку од решенијата на предизвиците пред кои се поставени како функција.

Со интегрираните платформи сите процеси на човечки ресурси работат со исти, конзистентни информации и стандардизиран преглед за секој вработен.

Идејата која стои позади интергираните платформи е да се соберат и поврзат податоци за целиот работен циклус на еден вработен, од моментот кога вработениот е само кандидат за вработување,потоа селекција, воведување, развој, евалуација и промоција. Интегрираната технологија ги поврзува сите овие делови за да како краен резултат, професионалците од областа на човечките ресурси, можат да утврдат како се поврзани овие фактори и какво влијание имаат еден на друг.

Бенефити од интегрирано софтверско решение

Употребата на интегрирано софтверско решение дава голем број придобивки како за функцијата човечки ресурси, така и за организацијата. Некои од бенефитите се:

  • Професионаците од областа на човечки ресурси ќе можат да направат проценка на квалитет на одреден начин или канал  на регрутација, да направат евалуација на квалитет на  вработените коишто биле регрутирани на одреден начин или канал како и  процент на заминување на овие вработени
  • Информации од активностите поврзани со воведување на нововработените, во комбинација со информации од другите процеси на човечки ресурси, може да дефинираат видови на обуки за нововработените, следење на прогрес на обуките и крајно да помогне за да новите вработени што побрзо да влезат во процесот на работа
  • Организациите можат да ги усогласат индивидуалните цели  на вработен со целите на организацијата и да добијат јасна слика за тоа како секој вработен допринесува за успехот на организацијата
  • На организациите им се дава можност за индивидуален пристап кон вработениот преку персонализирани програми за обука и развој, согласно индивидуалните резултати и квалитетот во работењето, наградување согласно индивидуалниот придонес
  • Им помага на вработените до постигнување на  успехот во работењето со тоа што на  вработените им дава увид во критериумите врз основа на кои биле регрутирани како и критериумите врз кои ќе бидат евалуирани.

Најважно е дека интегрираниот пристап им овозможува на професионалците од областа на човечки ресурси навистина да ја разберат работната сила, вештините, способностите и однесувањата на вработените како и на оние потреби на организациите за да ги постигнат стратешките цели.

На  менаџерите од другите области им ги даваат потребните алатки кои ќе им помогнат во носење на одлуки како и секојдневно управување
со вработените.

За крај, интегрираните софтверски решенија во човечки ресурси носат поголема ефикасност како на одделите за човечки ресурси, така и на одделите за информациски технологии.

Со информации кои се споделени во интегрирано решение, повторувачкиот внес на податоци е елиминиран, што значи и помалку грешни внесови и помалку потрошено време за внес. Кај информациските технологии, интегрираните решенија бараат помалку специјализирано знаење и вештини споредбено со повеќе самостојни системи.

Ваквата ефикасност и заштеда на средства е императив за секоја организација во денешно време.

 

 

Автор:
Наташа Алексовска
Основач и деловен консултатнт во Вивендум Ратио Солушнс
Член на МАЧР

Текстот изворно е објавен во е-весникот "Човечки капитал" бр.6, стр. 34.
До останатите текстови од весникот може да пристапите 
овде. 

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член