Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива
се наоѓате во:За нас
За нас

ЦЕЛИ и ЗАДАЧИ

Здружението ќе се стреми кон остварување на следните цели и задачи:

- Да ги поддржува највисоките идеали во областа на управувањето со човечки ресурси и за посестрано прифаќање и ценење на професијата;

- Управувањето со човечки ресурси да се признае поради неговиот придонес за успешно работење и да се зајакне способноста и кредибилитетот на професијата управување со човечки ресурси;

- Да биде водач во развојот и промовирањето на добрите практики во професијата управување со човечки ресурси, што ќе ги применуваат и професионалните членови и нивните колеги и да ги поставиме основните национални стандарди за управување со човечки ресурси;

- Лобирање кај владата и поднесување на документи во име на членовите и трети лица;

- Дејноста на Здружението ги опфаќа активностите поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата за управување со човечки ресурси;

Здружението своите цели и задачи ќе ги остварува преку:

- Промовирање и поттикнување на соработка, и пријателски односи меѓу членовите на здружението, како и членови на други здруженија и организации, ќе претставува медиум преку кој сите корисни информации на членовите ке им бидат достапни, преку организирање на периодични, ад-хок и вонредни состаноци помеѓу членовите на професионалната заедница и неговите членови.

- Промовирање, поддршка и заштита на највисоките професионални работни стандарди во професијата, формулирање на етички и процедурални стандарди за работа: развој, промовирање и следење и работните стандарди во практиката, како и стандардите за добри практики и компетентноста и моралното и етичко однесување, издавање кодекси за професионално однесување и изјави за добри практики.

- Учество во проекти, правење анкети, извештаи и нивно објавување; објавување на билтени, извештаи, книги, видеа, ЦД, електонски медиуми и останати материјали; формирање и ажурирање на библиотека и давање на придружни услуги за информирање.

- Поттикнување и развој на партнерски однос со формалниот образовен систем и со академската заедница со цел доделување школарини, стипендии, награди и други грантови.

- Поттикнување на потрагата на индустрија за подобрувања и иновација преку учество на образовни настани и презентација на сертификати, лиценци, награди и сл.

- Организирање на специјални настани, саеми, организирање или учество на предавања, конференции, работилници, обуки, семинари или други настани и активности кои се од интерес на членовите.

 - Проучување, иницирање, промовирање и лобирање за подобрувања или измени на легислативата во интерес на дејноста што Здружението ја промовира и заштитува;

- Регулирање, колку што е возможно, на односите меѓу членовите како и меѓу членовите и јавноста; Здружението ќе настапува како арбитер при решавање на спорови меѓу членовите и ќе ги поддржува и штити интересите на членовите во односите со јавноста;

- Споделување на know-how, давање на консултации, детални информации и алатки на други професионалци за прашања поврзани со управувањето со човечки ресурси, развој на образовни програми и обуки за континуиран професионален развој со препознатливи стандарди кои треба да се достигнат за да се овозможи систематски развој и акредитација на членовите;

- Организација на активности за членовите преку структурите на здружението, и обезбедување на наставни, консултативни и други услуги за членството на локално, национално и меѓународно ниво заради континуиран професионален развој;

- Воведување, развој, поддржување и разменување на информации и линкови со останатите тела и организации на локално, национално и меѓународно ниво;

- Основање и поддршка на добротворни организации, организации и институции, донирање, гарантирање на средства за добротворни цели кои што се поврзани со целите на Здружението;

- Иницирање и собирање придонеси од секое лице преку претплата, донација или на друг начин, под услов Здружението да не презема трајни трговски активности заради собирање средства за добротворни цели;

- Преземање на сите законски работи кои што се потребни за остварување на овие цели.

Телефон за контакт: +389 78 389 277
Е -mail адреса: contact@mhra.mk,
Адреса: Ул. 810 бр.2, 
               1000 Скопје 
               Република Македонија

Во МАЧР членството е индивидуално и Асоцијацијата е отворена за секој поединец чијашто  сегашна или идна професија е работа и менаџмент со човечките ресурси...

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член