Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива
се наоѓате во:АКТИВНОСТИ
АКТИВНОСТИ

Конкурс за најдобар краток видеоклип за промоција на меѓународна конференција за човечки ресурси на тема

We know what is next in HR!

___________________________________________________________________________________

Македонската асоцијација за човечки ресурси  распишува конкурс за најдобар краток видеоклип на тема „We know what is next in HR“, со цел промоција на третата меѓународна конференција за човечки ресусри.

Технички услови за учество на конкурсот за најдобар краток видеоклип:

- На конкурсот за најдобар краток видеоклип секој автор смее да пријави најмногу 2 идејни решенија.
- Видеоклипот не смее да надминува 60 секунди.
- Клиповите треба да бидат испратени во следниве формати: .mpeg4, .avi, .wmv, .flv или .swf.
- Видеата можат да бидат изработени во соодветна програма за компјутерска анимација или снимени со мобилен телефон, фотоапарат, или видеокамера.

Награда:

- 2 (две) влезници за конференцијата, промоција на идејата и промоција на авторот за време на конференцијата. 

Пријавување:

Вашите идејни решенија можете да ги испраќате директно на е-пошта или со испраќање на соодветен линк за преземање на истите на contact@mhra.mk  најдоцна до 30.09.2011 (заклучно со полноќ).
При пријавувањето на Вашето решение наведете ги Вашето име и презиме, контакт телефонот, е-мејл адресата .

Избор на победници:

Комисијата за маркетинг на македонската асоцијација за човечки ресурси ќе го избере победникот.

Напомена:

Со пријавување на конкурсот, авторите се согласуваат да го пренесат на организаторот на конкурсот правото на јавно изложување на делата, а авторите на наградените дела се согласуваат на организаторот на конкурсот да ги пренесат сите права на користење на делата.
Во пријавата авторите треба да наведат дали сакаат нивното дело да се користи со наведување на нивното име и презиме или псевдоним.

За повеќе информации јавете се на телефонскиот број  (+389) 3 224 762

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член