Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива
се наоѓате во:АКТИВНОСТИ
АКТИВНОСТИ

Отворен повик за членство во МАЧР за 2013 година

Почитувани,

Македонската асоцијација за човечки ресурси - МАЧР како невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани, продолжува со остварување на својата мисија за промоција и унапредување на професијата управување со човечките ресурси, како и создавање и имплементирање на највисоките професионални стандарди и развој на човечкиот капитал во Република Македонија.

Ова професионално здружение има за цел вмрежување на сите заинтересирани лица во областа на управувањето со човечките ресурси, како HR професионалци, експерти, вработени во одделенијата за човечки ресурси од приватниот и јавниот сектор, професори, студенти по менаџмент на човечките ресурси, консултанти и др.

Како единствена репрезентативна асоцијација од Република Македонија, МАЧР  минатата година стана полноправна членка на Европската асоцијација за управување со луѓето (ЕАПМ -www.eapm.org), што истовремено подразбира и отворање на можности за целосна соработката со ЕАПМ и нејзините членки - национални асоцијации на останатите земји , како и Светската федерација на асоцијациите  за управување со луѓето (WFPMA).
 
Како и претходните години и оваа година, согласно планот за настани, следуваат работилници со различни теми, потоа 5-та меѓународна HR конференција на која, како и досега предавачи и гости ќе бидат еминентни и докажани експерти и професионалци. Се разбира, членовите ќе имаат привилегиран пристап и можност за учество на сите настани организирани и поддржани од МАЧР, како и можност за размена на искуства, со колеги од земјата, регионот и пошироко.

Како дел од активностите на МАЧР е проектна работа во областа на управувањето со човечките ресурси, развој на човечкиот капитал, едукација и останато од домен на работа на МАЧР. Согласно наведеното, како член на ова здружение ќе имате можност и за ваше вклучување со хонорарна работа на проекти.

Доколку сакате да станете член на МАЧР, потребно е да пополните Пристапница за членство  и да го уплатите износот за членарина. За сите досегашни членови, за обновување на членството за 2013 година потребно е да ја уплатат само годишната членарина.

Согласно Статутот и Одлуката на УО,  Ве информираме дека и оваа година годишната членарината во МАЧР изнесува 1.230,00 денари.

Ве повикуваме најдоцна до 31.03.2013 година да го потврдите Вашето членство и да ја извршите уплатата на годишната членарина на следната:

жиро сметка: 300-0000029252-65;
депонент: Комерцијална Банка;
даночен број: 4080009503160;
цел на дознака: упис за членство во Македонската асоцијација за човечки ресурси
ул. Васил Ѓоргов бр. 11, кат 1
1000 Скопје

Со почит,

Македонска асоцијација за човечки ресурси

Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член