Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ
  
се наоѓате во:

8. Интернационалната конференција за човечки ресурси ќе се одржи во новоотворениот елегантен Skopje Marriot Hotel во центарот на Скопје.

Важно: За резервација на соби со специјални попусти за време на вашиот конференциски престој во Скопје, ве молиме контактирајте нè: contact@mhra.mk

За Skopje Marriott Hotel...

Skopje Marriott Hotel нуди елеганција и удобност за гостите дојдени за бизнис престој или одмор. Во хотелот можете да уживате во удобноста на Executive собите, како и пристап до Ексклузивен лаунџ бар. Пријатно уредените соби се опремени со луксузна постелнина, ТВ со рамен екран,, просторна работна маса, брз интернет и освежителни пијалоци. Не заборавајте да го посетите хотелскиот ресторан, Distrikt бар и кујна, да ги вкусите најдобрите локални производи во комбинација со источноевропски и медитерански вкусови. Skopje Marriott Spa & Health Club е одличен избор за одмор и релаксација на зафатените гости, со понуда на голем број на освежувачки третмани. Раскошно дизајнираните простори за работни средби комбинираат елеганција и функционалност за да ви понудат совршено место за организирање на беспрекорни деловни состаноци и настани. Grand Ballroom (главната конференциска сала) со својот спектакуларен ентериер е внимателно дизајниран за вашите најспецифични потреби. Што и да ве носи во Македонија, престојот во Skopje Marriott Hotel со сигурност ќе ја направи вашата посета извонредна.

ЛОКАЦИЈА

Skopje Marriott Hotel се наоѓа во срцето на главниот град на Македонија, Скопје, покрај реката Вардар и на само 25 минути од Аеродромот Александар Велики Скопје.

СМЕСТУВАЊЕ

164 убаво опремени гостински соби, кои вклучуваат 108 Deluxe соби, 35 Executive соби, 6 Junior апартмани, 5 Executive апартмани, 8 Premier апартмани, 1 потпретседателски и 1 претседателски апартман. Сите соби се опремени со луксузна постелнина со јоргани и памучни чаршави и перници, индивидуална контрола на системот за климатизација, ТВ со рамен екран 48”, канали со филмови со доплата, просторна работна маса и удобна бања. Согласно на политиката на хотелот, пушењето е забрането.

УСЛУГИ ЗА ГОСТИТЕ

Брз безжичен интернет во јавните простории • Бизнис центар отворен 24 часа • Ексклузивен лаунџ бар • Услуги за перење и хемиско чистење • Сефови • Опрема за пеглање • Уреди за бесплатен чај и кафе

СОСТАНОЦИ И КОНФЕРЕНЦИИ

8 места за одржување настани со вкупна површина од 800 m2 флексибилен простор • Голема сала со простор за одржување состаноци со површина од 565 m2 (6000 ft2) со капацитет до 600 лица

  

ПРОСТОРИИ ЗА РЕКРЕАЦИЈА

Покриен базен • Џакузи • Голем број простории за релаксација • Фитнес центар • Спа центар со голем избор на професионални третмани • 4 типа на сауна

РЕСТОРАНИ & ЛАУНЏ БАР

Distrikt Bar & Kitchen, со дизајн на отворена кујна, ќе ви понуди невообичаено искуство со вкусно мени и пријателска услуга• Distrikt Bar е местото каде ќе најдете прекрасен избор на локални вина и премиум коктели • Scotch Bar – поинтимно место, во кое се нуди избор од премиум алкохолни пијалоци


Facebook page: Skopje Marriott Hotel
Webpage: www.SkopjeMarriott.com

Со голема чест ве очекуваме во Скопје!


   

  
Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член