Заборавена лозинка Нов корисник
почетна За нас АКТИВНОСТИ HR Награди Галерии Е- ВЕСНИК на МАЧР HRM статии КОНТАКТ

РЕЧНИК НА ПОИМИ

Прв речник на поими кои редовно се сретнуваат во областа Човечки ресурси, изготвен од МАЧР

 (2 MB)

Brochure - „Young professionals! Say no to Bullies!!!”

HR Политики и практики во ИКТ компании

EAPM

МАЧР е полноправен член на Европската асоцијација за човечки ресурси (EAPM)
Следете ги случувањата во националните HR асоцијации ширум Европа преку веб страницата на ЕАПМ:  www.eapm.org 

МАЧР е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано на 22 април 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси.
Поднеси предлог- иницијатива

Пристапување кон членството на МАЧР 

Македонската асоцијација за човечки ресурси - МАЧР како невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани, продолжува со остварување на својата мисија за промоција и унапредување на професијата управување со човечките ресурси, како и создавање и имплементирање на највисоките професионални стандарди и развој на човечкиот капитал во Република Македонија како единствен ентитет од овој вид во земјава. МАЧР е полноправна членка на European Association for People Management – EAPM и World Federation for People Management Associations – WFPMA што е доказ за професионалност, кредибилитет и сигурна основа на ова здружение за понатамошен раст и развој.

 

Што добивате преку членството во ова здружение на граѓани?

  • Едукативни настани во наша организација или во организација на нашите блиски соработници и партнери: меѓународни конференции, обуки, настани, работилници - бесплатни или по повластени цени
  • Известувања за најновите настани и случувања во областа на HRM во земјава и Европа
  • Можност за директно вклучување во работењето на здружението во некоја од работните групи во рамките на МАЧР
  • Можност за целосно вклучување и креирање на проекти од областа на HRM притоа застапувајќи го здружението
  • Последно, но и најважно - ширење на мрежата на контакти, и вклучување во NETWORKING-OT на здружението на докажани и врвни HR експерти и професионалци од приватниот и јавниот сектор од земјава и странство и размена на искуства и практики.

Кој може да биде член на здружението?

  • HR професионалци, експерти и консултанти
  • HR директори, раководители и вработени во одделите за управување со човечките ресурси од приватниот и јавниот сектор
  • професори, но и студенти и почетници во областа на HRM

т.е. сите заинтересирани лица за делување во областа на управувањето со човечките ресурси !!!

 

Како да станете член на здружението?

 

  1. Пополнете и потпишете ПРИСТАПНИЦА за членство (и доставете ја до Извршната канцеларија на МАЧР или скенирана на е-маил адресата: contact@mhra.mk) пропратено со Вашата професионална биографија (CV) и краток допис во однос на Вашите очекувања како член на МАЧР, но и како би можеле да допринесете во нејзиниот развој и работа
  2. Уплатете го износот за годишната членарина, кој што согласно со Одлуката донесена на седницата на Управниот одбор на МАЧР од 01.02.2016 година изнесува 1.800 денари,  или 1.230,00 денари за студенти и невработени лица (предмет на верификација).

 

Оние кои имаат поднесено Пристапница за членство, вршат обнова на истото со уплата на годишната членарина за 2018 година во зависност од тоа во која категорија спаѓаат.
 
Ве повикуваме
да го потврдите Вашето членство и да ја извршите уплатата на годишната членарина на следната:
жиро сметка: 300-0000029252-65;
депонент: Комерцијална Банка АД;
даночен број: 4080009503160;
цел на дознака: упис за/ обнова на членство во Македонската асоцијација за човечки ресурси за 2018 година

Ве очекуваме...

Македонска асоцијација за човечки ресурси

ВАЖНО: Пред да ја извршите уплатата на годишната членарина, доколку сте нов член, задолжително обратете се до Извршната канцеларија за потврда и дополнителни информации во однос на постапката.


Следете нè...

Посетете не, станете член на групите на МАЧР на социјалните мрежи и следете ги најновите известувања и случувања со Македонската aсоцијација за Човечки ресури:

  

ИСТРАЖУВАЊА
Поддржувачи на МАЧР

ПРИЈАТЕЛИ НА МАЧР

 

 


Е-весник
внеси e-mail адреса:
Кон врвот Мапа на сајтот За нас Контакт Форум Станете член