Млад HR професионалец на годината

МЛАД HR ПРОФЕСИОНАЛЕЦ НА ГОДИНАТА

Наградата Млад HR професионалец на годината“ има за цел да ги препознае, признае и промовира истакнатите млади HR професионаци коишто се на почеток на нивната кариера во организациите, коишто во изминатата година особено се истакнале со својот потенцијал, посветеност, креативност и истрајност во остварување на сопствената визија за имплементација на модерни и делотворни HR практики во организациите.

Со талентот, мотивацијата и визијата како главни обележја, оваа награда се стреми да го признае досегашниот труд, посветеност и позитивното влијание на младите HR професионалци коишто тукушто започнуваат со професионалниот развој во полето на МЧР. МАЧР има за цел со воведување на признанието посветено на HR менаџерите на иднината, да ги поттикне и дополнително да ги мотивира сите млади таленти во ова поле на делување, храбро да го продолжат својот пат кон личен и професионален развој, со цел во иднина да станат HR менаџерите коишто сме сигурни дека во иднина ќе се одликуваат со уште поголем број на признанија.  ни се најмногу потребни во оваа околина.

Со оваа награда, го насочуваме фокусот кон иднината и го поплочуваме патот до успехот, преку истакнување на вистинските вредности коишто еден HR менаџер треба да ги поседува од самите почетоци.

За наградата „Mлад HR професионалец на годината“  може да биде номиниран вработен во одделот на HR кој има најмногу 5-годишно искуство во полето на Менаџмент со човечки ресурси.