Долгогодишната соработка со Италијанската асоцијација за управување со луѓето (AIDP), продолжи и во времето обележно од кризата со Ковид 19. Овој пат, нашата претставничка, Христина Лозаноска, член на управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси зема учество на меѓународен онлајн настан...
Долгогодишната соработка со Италијанската асоцијација за управување со луѓето (AIDP), продолжи и во времето обележно од кризата со Ковид 19. Овој пат, нашата претставничка, Христина Лозаноска, член на управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси зема учество на меѓународен онлајн настан, организиран од Италијанската асоциjaција кој се одржа на 15 јули, заедно со говорници од домаќините Италија, Raffaele Credidio, AIDP и професорката Teresina Torre од Универзитетот во Пиза, како и гостинот Hickam Zouanat, HR директор на Данон, Мароко.
Насловот на настанот е „2020 Начини да се работи попаметно: деловни можности“, како и самиот тек и дискусиите кои се развија на истиот имаа за цел да се подигне моралот во менаџментот со човечки ресурси кај учесниците и да се даде позитивен осврт на можностите кои и во услови на кризата се на расоплагање за зајакнување на улогата на HR одделите, преку новите начини на работа кои им помагаат на бизнисите во справувањето со кризата.
Како лидери за човечки ресурси, новa деловна перспектива, говорниците споделија најдобри практики и ги покрија следните теми:
- организациски можности (одржливост);
- менаџерски импликации (новнини за менаџерите во спроведување на процесите за проценка на перформансите, поставување очекувања, достигнувања на целите...);
- импликации во делот учење и развој (различни начини да се научи, да се едуцира, да се измери влијанието и активноститенаучењето, ...);
- психолошки импликации на новата работна околина која е помалку поврзана со физички простор и / или одредено време;
- влијание врз активностите за регрутирање, вработување и сл.
Настанот беше посетен од повеќе од 40 учесници, и беше исклучително поздравен заради големиот интерес кој го побудија темите, што вроди со многу прашања и дискусии.