Македонската асоцијација за човечки ресурси, во соработка со Фудбалска федерација на Македонија, на 21-ви јуни 2019 година го организира завршниот настан за проектот „Стручно образование и обука за спортски работници – Иновативна програма за јакнење на лични и социјални вештини”, поддржан од Еразмус+ Програмата.
Македонската асоцијација за човечки ресурси, во соработка со Фудбалска федерација на Македонија, на 21-ви јуни 2019 година ја организира Првата конференција за развој на човечките ресурси во спортот и спортските клубови, како завршен настан за проектот „Стручно образование и обука за спортски работници – Иновативна програма за јакнење на лични и социјални вештини” (поддржан од Еразмус+ Програмата) (www.vet4sport.com).
Конференцијата ќе се одржи на 21-ви јуни 2019 година во хотел „DoubleTree by Hilton Skopje“ во Скопје.
На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од двегодишниот проект кој имаше за цел развивање на наставни програми за сите спортски работници (тренери, регрутери), спроведување на наставни планови и нивно широко распространување во земјите партнери и пошироко. Наставните програми се погодни за едуцирање и надоградување на вештините за управување со човечки ресурси, управување со перформанси, таленти, лидерство, комуникација и социјални вредности на спортските работници, при што се користени добри практики од менаџментот на човечки ресурси, со што ќе се подобри нивото на професионалност кај спортските работници.
Во проектот беа вклучени следните партнерски организации од четири земји:
-Македонска асоцијација за човечки ресури ( МАЧР)-водечка партнерска организација;
-Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ)-партнерска организација од Македонија;
-Синергија едукација-партнерска организација од Италија;
-СЕЕРЦ-партнерска организација од Грција;
-Фудбалска академија Бургенланд-партнерска организација од Австрија.
Во редот на предавачите на конференцијата, од името на МАЧР како лидерска партнерска организaција, Иновативната ВЕТ Програма за едукација на спортски работници ќе ја презентира проектниот менаџер Христина Лозаноска, ЧР експерт и професионален коуч, како и поранешна претседателка на МАЧР.
Во рамките на промовирањето на добри практики и резултатите од проектот ќе се претстават претставници од клучните институции/организаци кои беа вклучени во проектните активности, како и претставник на УЕФА, во насока на потенцирање на важноста од заедничко делување за подобрување на вештините на професионалните спортски работници. На овој настан, исто така, ќе учествуваат врвни спортски експерти, чии презентации ќе бидат искористени како алатки за подигнување на свеста за важноста на улогата на тренерите и вредноста позади добро осмислениот тренинг план.
Оваа конференција има за цел:
· Промоција на иновативната Програма за едукација на спортски тренери, која е резултат на проектот;
· Споделување на искуства од реномирани спикери со релевантно искуство во коучинг и фудбал, како и претставници од УЕФА;
· Размена на информации и идеи за стручно образование и обука за фудбалски тренери;
· Вмрежување помеѓу професионалци од областа на фудбалот од Северна Македонија, Грција, Италија, Австрија и останати земји од ЕУ.
Проектот е поддржан од Европската Унија во рамки на програмата Erasmus+, Соработка за иновации и размена на добри практики „Понатамошно јакнење и финансиска одржливост на граѓанскот општество“, а е имплементиран од Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) и партнерските организации.
Агендата на конференцијата можете да ја погледнете на следниот линк.
Повеќе информации за целокупниот проект можете да погледнете на веб страната http://vet4sport.com/