Македонската асоцијација за човечки ресурси по петти пат ќе го додели веќе познато признание и награда HR менаџер на годината на менаџер кој со својата работа во доменот на менаџментот на човечки ресурси придонел за успешноста на компанијата и развојот на луѓето.
Дојде време за избор на HR менаџер за 2018 година
Размислете за Вашето работно место. Работната култура, првото интервју, првиот тим билдинг, првата обука... Позади ова стои вашиот HR менаџер. Од вашиот HR менаџер се очекува да ги знае и следи најновите трендови и да ги имплементира во работното место, покрај својата долга агенда на работни обврски. Професијата се менува. HR заслужува да биде стратешкиот партнер во секоја компанија. Помогнете ни да го издвоиме и наградиме токму вашиот HR колега за неговиот труд, и номинирајте го за HR менаџер на годината.
Македонската асоцијација за човечки ресурси по петти пат ќе го додели веќе познато признание и награда HR менаџер на годината на менаџер кој со својата работа во доменот на менаџментот на човечки ресурси придонел за успешноста на компанијата и развојот на луѓето.
Номинирајте го HR менаџерот кој сметате дека неговиот труд и работа во 2018 година особено придонеле за развојот на функцијата менаџмент на човечките ресурси, воспоставување и унапредување на HR практиките.
Кој може да биде номиниран?
-
одговорното лице за управување со човечките ресурси во Вашата компанија,
-
одговорното лице за управување со човечките ресурси од друга компанија,
-
можете да го номинирате вашиот колега од областа,
-
можете да се номинирате и самите себе.
*Номинираниот треба да има најмалку 3 години работно искуство на позиција HR менаџер, а вкупно работно искуство од 8 години.
За номинација се погодни HR менаџери од мали, средни и големи претпријатија.
Како можам да (се) номинирам?
Со попoлнување на овој формулар.
Краен рок за номинации: 15 март 2019
Оваа награда претставува симбол и пример за важноста на HR професијата во организациите и општеството, со призние на HR менаџерот и компанијата која го овозможила неговиот личен и професионален развој и работа во оваа област.
Селекцијата на кандидатите ќе биде извршена од страна на Комисија составена од докажани практичари и теоретичари од областа на управувањето со човечките ресурси. Повеќе информации околу изборот може да погледнете тука.
Ги очекуваме Вашите номинации!
#HRManagerOf2018
Македонската асоцијација за човечки ресурси е единствено професионално здружение на HR професионалци во земјата, кое има мисија со своето работење да ја поддржува и развива професијата менаџмент со човечки ресурси и да придонесува за унапредување на нејзиниот статус како и унапредување и вмрежување на професионалците и менаџерите во сферата на човечки ресурси.