Mакедонската асоцијација за човечки ресурси –МАЧР во саботата на 02 Март 2013 год, ја одржа првата Работилница за членовите на комисиите, на тема “Градење на институционални капацитети за одржлив развој и високи достигнувања“ , вo просториите на М6- Едукативниот центар.
Работилница:“Градење на институционални капацитети за одржлив развој и високи достигнувања на МАЧР“
Mакедонската асоцијација за човечки ресурси –МАЧР во саботата на 02 Март 2013 год, ја одржа првата Работилница за членовите на комисиите, на тема “Градење на институционални капацитети за одржлив развој и високи достигнувања“ , вo просториите на М6- Едукативниот центар. Работилницата беше наменета за членовите на комисиите на МАЧР, а свое учество зедоа и дел од членовите на Управниот и Надзорниот одбор, така што присуствуваа вкупно 40 учесници.
Работилницата беше модерирана од страна на членови од редовите на комисиите. Модераторите за нивната подготовка ги користеа материјалите со кои располага Македонската асоцијација за човечки ресурси, а кои се однесуваат на работењето и надлежностите на комисиите. Модераторите кои го водеа настанот и дадоа огромен придонес за реализацијата на Работилницата се следните членови на МАЧР: Ана Салтирова Давидовски (потпретседател на Комисијата за едукација и тренинг), Весна Стојмирова (член на Комисијата за организација на настани), Ѓурѓица Баталакова (член на Комисијата за развој на HR во јавниот сектор) и Благица Ризоска Тулов (потпретседател на Комисијата за проекти).
Оваа работилница е втор настан за реализација на стратешкото планирање кое се воведува од оваа година во МАЧР. На комисиите, покрај надлежностите и доменот на делување, им беа презентирани и стратешките цели за претстојниот период од страна на претседателката на МАЧР, Христина Лозаноска, која даде краток осврт на заклучоците од викендот за стратешко планирање на УО и НО, одржан во Хотел Манастир- Берово. Во наредниот период се очекува комисиите да предложат активности од нивниот домен за реализација на поставените стратешки цели, кои ќе влезат во годишната Програма за работа на МАЧР.
На наше огромно задоволство, Димитар Османли, извршниот директор на М6- Едукативниот центар и овој пат им овозможи на членовите на асоцијацијата одлични услови за работа, како поддршка на работењето на МАЧР во остварување на нејзината мисија и визија.
Презентацијата подготвена од модераторите можете да ја погледнете овде, а фотографиите од настанот можете да ги погледнете во делот Галерии...
Активности
Објавено на: {{DatePublished}}
{{Title}}
{{{Content}}}
{{Superscription}}
{{#if Keywords}}
{{/if}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886&height=574"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements RelatedArticles}}
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
{{#each RelatedArticles}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements ArticlesInCategory}}
{{#each ArticlesInCategory}}
{{/each}}
{{/hasElements }}