Македонската асоцијација за човечки ресурси на 14. 10. 2011 година во хотел Холидеј ин, организираше два паралелни настани како дел од своите активности: HR конференција и HR EXPO
Македонската асоцијација за човечки ресурси на 14. 10. 2011 година во хотел Холидеј ин, организираше два паралелни настани како дел од своите активности:
1. Меѓународна конференција за човечки ресурси "We know what is next in HR", наменета за сите професионалци во областа на човечките ресурси, менаџери и извршни директори на компании, како и голем број посетители кои сакаат да го прошират сопствениот хоризонт на знаење и информации на следниве теми:
-
Новите трендови во ЧР во Европа
-
Управувањето со човечките ресурси и социјалните мрежи
-
Успешно планирање
-
Стратегиски менаџмент, идни предизвици и корелација со ЧР
На овие и на многу други прашања одговорот го имаа искусни и реномирани академски предaвачи кои го пренесоа своето знаење од теоретски и научен аспект, како: Роберт Каше, Љубљански универзитет, Словенија и Ана Томовска, Професор од Американ колеџ.
Свое практично искуство и знаење градено и стекнато во реномирани и светски компании ќе пренесат искусни практикувачи во повеќе области како што се: Драгана Томиќ, тренер и консултант од Србија; Питер Хаен, претседател на Европската асоцијација за човечки ресусри; Светла Стоева, претседател на Бугарската асоцијација за човечки ресурси;
2. Во рамките на оваа конференција традиционално ќе се одржи и HR EXPO 2011 каде што сите заинтересирани компании, центри за обука и консултантски куќи, универзитети и факултети, агенции за посредување при вработување, издавачки куќи и други, ќе имаат можност да учествуваат и да ги претстават своите услуги пред голем број менаџери за ЧР и претставници на бизнис секторот.
Вториот ден од конференцијата беше предвиден за презентација на модел за сертификација и стандардизација на професијата Управување со човечките ресурси.
Во соработка со Американ колеџ се организираше и тркалезна маса на тема „Несогласувањата меѓу пазарот на трудот - понуда и побарувачка“