Македонската асоцијација за човечки ресурси го подготвува својот прв стратешки план
Објавено на http://macedonia.usaid.gov
Од прогласувањето на независноста на Македонија па сe од сега, македонското општество многу малку внимание обрнуваше на развивањето на човечкиот капитал и зголемувањето на свеста за важноста на човечките ресурси во земјата. Ова доведе до итна потреба од инвестирање во професионалци во полето на човечките ресурси, затоа што тие се основното нешто во развојот на работната сила, што е пак директно поврзано со подобрениот квалитет на производите и услугите. Развојот на работната сила е исто така поврзан со подобрената способност на една организација за создавање на нови производи, обезбедување на нови услуги на пазарот и за континуирано подобрување на повратот на компанијата што го има инвестирано во своето најважно средство, своите луѓе.
Препознавајќи ја потребата од создавање на одредено тело кои ќе ги обедини сe поголемите напори на македонските професионалци во полето на човечките ресурси, УСАИД поддржа 55 индивидуални лица и претставници од компании во нивните напори да ја основаат првата Македонска асоцијација за човечки ресурси на 22 април 2009 година. Целите на МАЧР се да се зголеми свесноста за човечкиот капитал како најважен фактор во обезбедување на стоки и услуги и креирање на деловно опкружување кое ќе ги поддржи инвестициите во човечките ресурси.
Проектот на УСАИД за човеков и институционален развој (HIDP) понуди поддршка при градењето на капацитетите на МАЧР затоа што е свесен дека успехот на МАЧР е од суштинско значење за развојот на работната сила. Двете страни потпишаа Меморандум за разбирање со цел да се обезбеди самоодржливоста на МАЧР уште од нејзиното основање. Заедно, МАЧР и HIDP спроведоа анкета на национално ниво со цел да ги идентификуваат очекувањата и потребите на компаниите-членки на асоцијацијата, а резултатите од анкетата ќе ги искористат за дизајнирање на структурата на МАЧР, нејзините комитети, портфолиото на услуги и системот за маркетинг.
Врз основа на првичните резултати од анкетата, МАЧР организираше работилница за членовите на Надзорниот комитет и Управниот одбор, како и за другите активни членови. Во текот на два и пол дена, колку што траеше работилницата, членовите на МАЧР ги дефинираа стратешките цели и ги преточија во годишен план на активности.
Г-ѓа Афродита Кермичиева Пановска, активен член на МАЧР изјави: „Работилницата беше одлична можност за да се даде вовед и да се дискутира за стратешките прашања поврзани со работењето на МАЧР. Фактот што сите учесници беа активно вклучени при поставувањето на цврстите основи за услугите, активностите и развојот на асоцијацијата претставуваше успех сам по себе. Јас лично мислам дека оваа работилница обезбеди дополнителна мотивација за секој член да работи и да придонесе за успехот на оваа асоцијација.“
МАЧР се стреми да стане движечка сила за стандардизација на професионалните барања за работниците во полето на човечките ресурси преку воведување на меѓународно призната програма за издавање сертификати. Покрај тоа, МАЧР ќе промовира програма за учење за возрасни и програма за доживотно учење, како и мрежа за локалните соработници која ќе биде насочена кон унапредување на развојот на професионалците во полето на човечките ресурси. Преку програмите и услугите што ќе ги нуди низ целата земја, МАЧР ќе ги поддржува професионалците во полето на човечките ресурси во текот на нивната кариера – од практиканти до извршни директори – ќе го трасира патот за промени во денешните бизниси.
Главна цел на Програма на УСАИД за човеков и институционален развој е да го подобри работењето на востановените институции кои се сметаат за клучни за иднината на Македонија во контекстот на стратегијата на УСАИД. Програмата исто така е насочена и кон градење капацитети на новоформирани институции и пренесување на нови вештини/знаења на индивидуални лица/групи кои работат во локални партнерски организации на сегашните технички проекти на УСАИД.
HR настани
Објавено на: {{DatePublished}}
{{Title}}
{{{Content}}}
{{Superscription}}
{{#if Keywords}}
{{/if}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886&height=574"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements RelatedArticles}}
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
{{#each RelatedArticles}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements ArticlesInCategory}}
{{#each ArticlesInCategory}}
{{/each}}
{{/hasElements }}