Промоција на Македонската асоцијација за човечки ресурси
Објавено во Global HR Број 5/6 Јули/Август 2009
На 18 јуни во 19.30 часот во „Ден и ноќ„ во Скопје официјално беше промовирана Македонската асоцијација за човечки ресурси. Во присуство на повеќе од 150 гости свое обраќање имаше Г?дин Томас Ј. Навратил, Заменик шеф на Мисијата на САД во Република Македонија, г?дин Кирил Миноски, Раководител на Секторот за реформи на пазарот на труд, Проект за деловно опкружување на УСАИД и г?ѓа Весна Кардалевска, Раководител на проекти, Програма за човеков и институционален развој на УСАИД.
Од Бугарската асоцијација за човечки ресурси (BAHRMD) беше присутна претседателката, г-ѓа Светла Стоева која имаше свое обраќање.
Претседателот на Македонската асоцијација за човечки ресурси, г-динот Дарко Маџовски, истакна дека фактот, пак што во толкав број се присутни укажува на тоа колкава била потребата за една ваква асоцијација чии членови знаат дека луѓето се нашиот најважен ресурс и нашата најголема вредност и токму затоа Човекот го ставаат пред се и над се …
И во време кога светската економска криза сериозно ги потресува и најсилните економии и најетаблираните интернационални корпорации, во услови на исклучителен притисок врз луѓето, вработените и менаџерите, ние овде и сега велиме дека во луѓето веруваме и дека ЛУЃЕТО СЕ ПРЕД СЕ!
Притоа, основачите имаа јасна визија дека Македонската асоцијација за човечки ресурси ја дизајнираме за да им помогне и да ги развие професионалците кои работат во областа за човечките ресурси и да го подигне статусот на професијата.
На крајот од своето обраќање тој најави дека во подготовка е и голема интернационална Конференција за човечки ресурси која ќе се одржи во септември и на која очекуваме да земат учество еминентни гости од земјата и од странство.
...Мисија: Развој на човечкиот капитал во Македонија и развој на професијата за човечки менаџмент преку имплементирање на највисоки професионални стандарди.
Основачкото собрание одржано на 22 април во хотелот Холидеј Ин во Скопје беше многу успешно на кое присуствуваа 54 основачи. На истото се избарни органите на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Основањето е поддржано од УСАИД проектот за Деловно опкружување.
Македонија доби асоцијативно членство во EAPM (European Association of People Management)
Секоја втора година се организира најголемата HR конференција во Европа организирана од EAPM (European Association of People Management). На генералното собрание во Амстердам, Холандија претседателот на Македонската асоцијација за човечки ресурси ја презентираше поднесената апликација за членство на Македонската асоцијација. Присуството на македонската делегација беше многу успешно и заслужено се вратија со асоцијативно членство.
EAPM (European Association of People Management) е непрофитна организација, независна од работодавачите, синдикатите и политичките организации. Таа е здружение на националните организации кое ги представуваат професионалците од областа на човекови ресурси. Има 29 постојани членови, Македонија заедно со Хрватска го добија статусот на асоцијативни членки. За две години ќе бидат примени во EAPM. Целта на EAPM е промоција и развој на знаење во областа на човекови ресурси, личните активности и нивното значење за индустријата и бизнисот во јавниот и приватниот сектор. член на Светската федерација на асоцијации за управување со човекови ресурси (WFPMA – World Federation of Personnel Management Associations)
Потпишан Меморандум за соработка со Бугарската асоцијација за човечки ресурси (BAHRMD)
На 15 мај 2009 година во Софија, Бугарија
Со меморандумот ќе се овозможи трансфер на знаењето и искуствата од Бугарската асоцијација која успешно работи од јули 2000 година и брои повеќе од 650 индивидуални и корпоративни членови. Оваа асоцијација ќе биде ментор на македонската во градењето на капацитетите и развојот.
Членството во Македонската асоцијација за човечки ресурси е отворено за сите заинтересирани лица.
Пристапница и повеќе информации може да добиете на тел. 02 32 31 250 или на е-маил contact@mhra.mk Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
HR настани
Објавено на: {{DatePublished}}
{{Title}}
{{{Content}}}
{{Superscription}}
{{#if Keywords}}
{{/if}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886&height=574"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements RelatedArticles}}
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
{{#each RelatedArticles}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements ArticlesInCategory}}
{{#each ArticlesInCategory}}
{{/each}}
{{/hasElements }}