Информација од членови:
Обука: „И грешките се лекции!“
Организатор: Здружението на бизнис жени и Идеас Македонија
Здружението на бизнис жени во соработка со Идеас Македонија, поради големиот интерес и одличните коментари од минатиот циклус обуки, повторно организира нов циклус обуки: „Клучеви за успех“, започнувајќи го со следната обука:
„И грешките се лекции!“ - предавач: Верица Мажевска *
Со задоволство Ве покануваме на овој едукативен настан за унапредување и поврзување на жените во бизнисот.
- Ако понекогаш имате чувство дека Вашиот бизнис Ве раководи Вас, а не Вие него?
- Се прашувате која е разликата помеѓу организирање и справување?
- Како до подобри одлуки?
- Како да се препознаат лекциите во грешките?
- Како да се зголеми ефикасноста и да се постигнат поголеми резултати?
Посетете ја обуката и откријте ги одговорите на овие прашања и на уште многу повеќе...
Обуката Ви ги нуди одговорите, со посебен акцент на:
- организација на компанијата
- мотивација на персоналот
- делегирањето на обврските
Резултат на обуката: Менаџер кој има поголема контрола врз бизнисот, полесно се организира, успева и напредува.
Ви пренесуваме дел од коменарите на присутните, од претходното одржувања на овој модул, дадени во Евалуцискиот формулар:
„познати работи презентирани на сосема нов начин“, „одлична енергија“, „го задржува вниманието од почеток до крај“, „мотирвира кон поиновативен пристап во секојдневното раководење и работење воопшто“, „непосредни, практични совети“ ...
Цена: 1800 ден
Место: ул. Васил Ѓорѓов бр.11 - Скопје (во тренинг центарот на БKM)
Термин: 07.12.2016 год., среда
Времетраење: 16ч.-20ч.
fb event (прва обука): https://www.facebook.com/events/1614877315473826/
fb event (циклус обуки): https://www.facebook.com/events/1254192511269727/
Резервации и информации на следниве контакти:
Здружение на бизнис жени: info@abw.mk или 078 208 670
Дополнителни информации за предавачот и методологијата
* Верица Мажевска е дел од компанијата Ideas International од 2012 година. Таа има повеќе од 7 години искуство во користењето на Хабардовата Менаџмент технологија по која што работат над 120 000 компании во целиот свет, меѓу кои Cisco Systems, HP, Apple, Toyota, Nissan и други. Нејзината главна дејност е вршење на обуки од областа на продажбите, комуникацијата, маркетингот, односите со јавноста, мотивацијата, наменети првенствено за бизнис секторот.