Номинација на HR-менаџер на годината
За HR-менаџер може да се номинира секој граѓанин на Македонија, вработен во приватна, државна или невладина организација. Номинацијата за избор на HR-менаџер на годината може да биде направена од страна на:
- Извршениот Директор во организацијата
- Колеги на менаџерска функција од организацијата
- HR-менаџери од други организации или
- Кандидатот може и сам да се номинира.
По номинирањето кандидатот потпишува документ со кој е согласен да учествува во изборот и да ја прими наградата доколку биде избран.
Процесот на номинирање на HR-менаџер на годината се состои од неколку чекори:
Чекор 1
Подносителот е потребно да го пополни формуларот за номинација на HR-менаџер на
годината .
За кандидатите кои сами се номинираат потребно е самостојно да го пополнат формуларот за номинирање.
Реализацијата на овој чекор е во периодот до 22 Март 2024 година
Чекор 2
По завршување на процесот на номинирање на кандидатите се пристапува кон вториот чекор собирање на потребните документи со кои се докажува исполнувањето на дефинираните критериуми за избор на HR-менаџер на годината. Секој номиниран кандидат е потребно да достави CV (европски формат) на македонски јазик и краток преглед на нивната работа според дефинираните критериуми за избор.
Овие документи ќе ги добијат номинираните кандидати кои ја потврдиле номинацијата од страна на одговорно лице од извршната канцеларија на МАЧР.
Реализацијата на овој чекор е во периодот од 22 март - 5 април 2024.
Чекор 3
Собраните документи се проследуваат по електронски пат до сите членовите на комисијата за избор на HR-менаџер на годината, од страна на одговорно лице од извршната канцеларија на МАЧР.
**За HR-менаџер не може да се номинира:
- Кандидат кој е член на УО на МАЧР во моментот на номинирањето
- Кандидат кој веќе бил избран за HR менаџер на годината, не смее да биде избран повторно во наредните 2 години.