Минатата недела, МАЧР го одржа предавањето на тема „Employer Branding" со Триша Дег. Кога станува збор за градење и одржување на позитивен employer branding, Триша ги истакна следните основни работи коишто сите треба да ги знаеме:
На 3 април (среда), МАЧР го одржа предавањето на тема „Employer Branding" со Триша Дег, потпретседател на програмата за таленти и операции на Технолошката асоцијација на Илиноис (Illinois Technology Association). Предавањето беше првенствено наменето за членовите на асоцијацијата и на истото присуствуваа околу 30 професионалци од HR сферата во Македонија.
Во се повеќе растечката компетитивна средина на глобалниот маркет, привлекувањето и задржувањето на вистинскиот талент и ефективниот кадар игра клучна улога во можноста на компанијата да расте и просперира. Добро осмислената „Employer branding” стратегија може да биде силна бизнис алатка којашто ќе ги спои вредностите на организацијата, организациската култура, стратегијата со вработените, HR политиките на организацијата, со идентитетот на организацијата. Во изминатите години, имплементацијата и развитокот на процесот „Employer branding“ претставуваше синоним за успешна стратегија за регрутирање на кадар. Денес “Employer branding-от“ се повеќе го зазема местото на една од клучните делови на HR стратегијата.
Најдобриот начин со кој можеме да започнеме со привлекување на нов кадар е преку најмалите работи кои всушност одразувваат мошне значаен дел од големата слика. Токму тоа беа главните препораки на предавачот Триша Дег, која преку лични примери се потруди да го долови значењето на тие навидум мали сегменти од целата HR стратегија на една организација. Наведени беа следните карики за кои секој HR менаџер, управител, сопственик ,треба да се запраша дали се дел од ланецот на HR стратегијата на организацијата.
1. Справување со негативните критики - негативните критики од поранешните вработени, или пак од индивидуите кои биле на работно интервју, но поради некоја причина не биле вработени треба да ги земеме во предвид и достоинствено да ги прифатиме. Ова е многу важен дел, бидејќи кажаниот збор, без разлика каков е, треба да се испочитува.
2. Подобрување на онлајн присуството на вашата организација - навремено ажурирање на веб страницата на вашата организација, како и модернизирање на истата, за да оставите подобар прв впечаток на посетителите. Исто така, бидете сигурни дека информациите коишто ги споделувате на Вашите социјални мрежи се усогласени едни со други.
3. Искористете ги Вашите вработени како амбасадори на организацијата - брендот на Вашата организација ќе стане многу попозитивен, доколку ги поттикнете Вашите вработени да споделат некој позитивен збор со кругот на познаници (секако, доколку навистина имаат нешто позитивно да кажат).
4. Не заборавајте да им дадете feedback на сите што аплицирале за работна позиција во Вашата организација - без разлика дали feeback-от ќе им го обезбедите лице во лице, или пак ќе ги известите за исходот преку е-mail, сепак од голема важност е да им дадете повратна информација.
5. Мерете го задоволството на Вашите вработени од работата - бидете во тек со потребите и со мотивацијата на вработените. Поставувајте прашања за да добиете одговори, одговори кои можат многу да влијаат на севкупниот бренд на вашата организација. Вреднувајте и унапредувајте го тоа што веќе го имате, во спротивно ќе треба да барате адекватна замена за нив.
Поседувањето на адаптабилна „Employer branding” стратегија станува се поголема потреба за да се задржи конкурентното место на пазарот. Промената на трендовите, разликата во генерациите на вработените претставува голем предизвик, кој успешно ќе биде надминат само доколку се разбуди агилноста кај организациите. Главната цел на HR тимот е развивање на организациска култура којашто ќе им создаде чувство на припадност за сите вработени. На овој начин, и сегашните и идните вработени ќе се почуствуваат добредојдени и поттикнати да го дадат својот максимум за организацијата која претставува голем дел од нивното секојдневие.