Ве покануваме да ни се придружите на дискусии во живо на различни корисни и актуелни HR теми. Мразот ќе го скршиме со првиот вебинар на тема: „Управување со промени и адаптација за време на криза- кризен менаџмент“, кој ќе се одржи идната среда (22.04.2020) со почеток во 17:00ч.
Знаејќи дека HR менаџерите преземаат значителна одговорност за продуктивноста на вработените, која пак се одразува понатаму врз делотворноста на организациите, задачата на МАЧР во наредниот период е водењето и иницирањето на активности во функција на одржување на позитивниот морал и секако споделувањето на добри практики за соочување со предизвикот. Поради препораките за социјално дистанцирање, одлучивме оваа поддршка да ја обезбедиме преку одржување на серија од HR вебинари коишто во наредниот период ќе се одржуваат секоја среда!
Ве покануваме да ни се придружите на дискусии во живо на различни корисни и актуелни HR теми. Мразот ќе го скршиме со првиот вебинар на тема: „Управување со промени и адаптација за време на криза- кризен менаџмент“, кој ќе се одржи идната среда (22.04.2020) со почеток во 17:00ч.

За темата:
Пандемијата COVID-19 претставува неизвесен предизвик, со многу сериозни социо-економски последици. Организациите ширум земјата отпочнаа процес на синтетизација, интеграција и спроведување на стратегии како одговор на кризни ситуации, кои влијаат врз работниот процес и на работната сила. Употребата на добро обмислени, креативни, адаптабилни и ефективни стратегии е предусловот за успешно воспоставување и менаџирање со кризната состојба. Задачата на HR професионалците е нивните вештини и знаења предназначени и специјализирани за разрешување на проблеми од нова, непозната природа, да ги употребат во изнаоѓање на најадекватни мерки за справување со кризата, истовремено задржувајќи ја одговорноста за зачувување на добросостојбата на вработените.
На привиот од секвенцата вебинари нашите говорници – докажани експерти во полето на менаџмент со човечки ресурси, ќе ве водат преку иновативни и прилагодени техники за успешно управување со промените во време на кризата. Без разлика дали сте искусен професионалец или штотуку ја започнавте кариерата во професијата менаџмент со човечките ресурси, ќе можете да дознаете повеќе за:
- Развивање на основна стратегија за управување со промени во време на криза
- Прифаќање на промена кога немате контрола
- Мерење на ефектите од промената и подобрување на вашите стратегии за управување со идните промени.
Говорници:
- Ивана Дојчиновска Стојановиќ – Директор на Центарот за управување со човечки ресурси на НЛБ Банка АД Скопје
- Стефан Јовановски - Директор на човечки ресурси во „А1 Македонија“
- Искра Трајковска Конеска – Директор на секторот за човечки ресурси во Прилепска пиварница
- Димитар Ѓоргиевски – Менаџер на Enjoy Macedonia
Модератор:
- м-р Дарко Петровски, претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси и основач на Талент бизнис инкубаторот Степ-Ап.
Пријавување:
Доколку сте заинтересирани за учество на вебинарот кој ќе се одржи оваа среда, (22 април 2020 година), Вашето присуство можете да го пријавите на следниот линк или на e-mail адресата: info@mhra.mk.
Ве очекуваме!