Македонската асоцијација за човечки ресурси објавува повик кон своите членови кои имаат можност и желба активно да се вложат со свој придонес во развојот на МАЧР, како и во развој и промоција на професијата менаџмент на човечки ресурси, да аплицираат за Член на Управен Одбор (УО).
Македонската асоцијација за човечки ресурси објавува повик кон своите членови кои имаат можност и желба активно да се вложат со свој придонес во развојот на МАЧР, како и во развој и промоција на професијата менаџмент на човечки ресурси, да аплицираат за Член на Управен Одбор (УО).
Управниот Одбор e дел од управувачката структура на здружението, односно е раководен и извршен орган на МАЧР. Мандатот на членовите на УО е со времетраење од 3 години.
На овој конкурс сакаме да ги мотивираме да се пријават сите кандидати за членови на УО кои се подготвени да одвојат од своето време за редовно и навремено извршување на обврските кои произлегуваат од Статутот на МАЧР, преку континуирана поддршка и придонес во работењето и задолжително присуство на месечните состаноци и активности на Асоцијацијата, и доколку ги исполнуваат следните критериуми за самоевалуација:
- Значителни достигнувања во професијата Менаџмент на човечки ресурси,
- Активно членство во МАЧР со регулирана годишна членарина заклучно со 11.04.2022 година
- Завршено високо образование, додека магистерски/докторски студии во HR се предност
- Евиденција за континуирано формално и неформално професионално усовршување и едукација во областа Менаџмент на човечки ресурси (стекнати меѓународни сертификации, менаџмент програми, специјалистички, истражувачки, научни/стручни студии и/или студиски престои и сл...)
- Професионално работно искуство на раководна позиција во МЧР областа или академска (професорска) кариера во областа на МЧР, или кариера како консултант, односно специјалист во областа на менаџментот на човечки ресурси, од најмалку 3 години.
- Лични компетенции, интегритет, етичност, транспарентност во работата, познавање на бизнисот и деловното окружување, отвореност за промовирање на професијата менаџмент со човечките ресурси внатре и надвор од организацијата.
ВАЖНО: Дефинираните критериуми имаат за цел да обезбедат висок кредибилитет на МАЧР и личен и професионален интегритет на членовите на УО, а оценувањето на компетенциите кои заинтересираните лица треба да ги исполнуваат, е по пат на самоевалуација.
Начин на пријавување:
Членовите кои се заинтересирани и имаат амбиции да бидат дел од Управниот Одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси, потребно е до Извршната канцеларија на МАЧР, преку испраќање на e-mail до contact@mhra.mk со предмет „Пријава за член на Управен одбор“, да достават:
- Своја професионална биографија (CV)
- Изјава за интерес (мотивациско писмо до 350 збора)
Овој конкурс е отворен 8 работни дена и краен рок за достава на пријава е Четврток, 14.04.2022 година, до 17:00.
По приемот на номинациите, во извршната канцеларија на МАЧР се врши администривно-формална проверка на доставените пријави, додека изборот и гласањето се врши на Собранието од страна на сите членови, по доставените материјали. Редовното Годишно Собрание на МАЧР ќе се одржи на 20.04.2022 година во во Амфитеатар 1 на Универзитетот Американ Колеџ Скопје – УАКС, со почеток во 17 часот.