Во нашите напори да Ви помогнеме во текот на овој период, подготвивме коучинг поддршка за Вас, членовите и пријателите на МАЧР, како и за членовите на Вашите семејства на кои им е најмногу потребна.
Во моментов поминуваме низ времиња на неизвесност што никогаш нема да ги заборавиме. Во име на Македонската асоцијација за човечки ресурси, првата порака што сакаме да Ви ја пренесеме од страна на професионалните коучеви од Огранокот за коучинг е...
Нашите мисли и срца се со вас!
Со зголемените ризици по здравјето на луѓето од COVID-19 и повикот за социјално растојание, останувањето дома се чини дека не е само претпазливост во овој момент ... туку е од витално значење за нашата заедница.
Притоа, одржување на менталното здравје и добрата емотивната состојба се на прво место за справување со промените и неизвесноста, како и потешкотиите со кои се соочуваат луѓето.
Во нашите напори да Ви помогнеме во текот на овој период, подготвивме коучинг поддршка за Вас, членовите и пријателите на МАЧР, како и за членовите на Вашите семејства на кои им е најмногу потребна.
Во таа насока, ќе организираме онлине вебинари, како и индивидуални коучинг сесии со професионалните коучеви кои ќе ја понудат целата своја експертиза и поддршка во надминување на индивуалните предизвици за прашања од персонален (личен) карактер „life coaching”.
Како да се пријавам?
Доколку сакате да се пријавите, сторете го тоа преку канцеларијата на МАЧР на тел +38978389277 или на маил: contact@mhra.mk, од каде ќе Ви биде доделен термин за сесија и ќе Ве поврзат со Вашиот коуч. Контакт лицето ќе ве извести за расположливите термини за бесплатни онлајн сесии што ќе можете да ги користите до 3 пати во месецот.
За одржување на вебинарите, како и за темите што ќе бидат обработени таму, ќе бидете дополнително известени.
Поддршката започнува од денес, а ќе трае еден месец, со продолжување на истата се’ додека не ја пребродиме оваа ситуација сите заедно!
Повеќе информации за Огранокот за Коучинг можете да добиете на официјалната страница на МАЧР, http://www.mhra.mk/ogranok-za-koucing.nspx.