Доследни на досегашните практики, Македонската асоцијација за човечки ресурси и во овој број на е-весникот им нуди можност на своите членови да го дадат својот придонес во содржинскиот дел на „Човечки капитал“.
Почитувани членови,
Ве известуваме дека следното издание на електронскиот весник на МАЧР, бр. 11 од „Човечки капитал“, е предвидено да биде објавено до крајот на месец декември, 2019 година.
Доследни на досегашните практики, Македонската асоцијација за човечки ресурси и во овој број на е-весникот им нуди можност на своите членови да го дадат својот придонес во содржинскиот дел на „Човечки капитал“, преку доставување на свои авторски статии. Од таа причина, ги покануваме сите наши членови коишто имаат интерес за пишување, да ни ги достават напишаните статии на e-mail адресата: contact@mhra.mk најдоцна до 01.12.2019.
Општите тематски подрачја, кои ќе бидат елаборирани во ова издание и за кои ќе може да пишувате, се следните:
-
HR трендови за 2020 година
-
Современи предизвици на HR менаџерите
-
Талент менаџмент
-
Mенаџмент со различности
-
Иновации во HR сферата
-
Регрутација и задржување на персонал
-
Менаџмент со перформанси
-
Ангажираност на вработените
-
Феноменот „одлив на мозоци“
-
HR алатки
-
HR искуства
Доколку Вашиот интерес да пишувате е од друго актуелно подрачје од HR областа, Вашите трудови може да ги доставите и истите ќе бидат разгледани со должна почит од страна на Рецензентската комисија на списанието “Човечки капитал“.
Формат на текст: Должината на текстовите треба да изнесува најмногу до 2 страни од А4 формат или до 1500 зборови, напишано во фонт Times New Roman, големина 11.
Со задоволство ги очекуваме Вашите трудови најдоцна до 01.12.2019!
Срдечни поздрави,
Македонска асоцијација за човечки ресурси