Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на HR Cafe & Networking настан на тема: „Коучингот како пристап во приватниот и професионалниот живот“ 27 ноември 2019 (среда) | Martini Cafe | 17:45-20:00 часот.
Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на HR Cafe & Networking настан на тема:
„Коучингот како пристап во приватниот и професионалниот живот“
27 ноември 2019 (среда) | Martini Cafe | 17:45-20:00 часот.
За што ќе разговараме?
На патот кон успехот луѓето често се соочуваат со предизвици. Предизвиците за успешните луѓе се дел од секојдневието, но не секогаш имаат обмислено план којшто би им помогнал во надминување на предизвикот и постигнување на поставената цел. Работата на себе и излегувањето надвор од зоната на комфорот е вистинскиот пат кон постигнувањето на поставените цели.
Како може коучингот да ви помогне во постигнување на целите?
Коучот со експлицитна и имплицитна примена на одредена методологија, го води клиентот кон личен раст и развој. Односот и искреноста помеѓу клиентот и професионалниот коуч е пресудна за успехот на коучинг процесот.
Секако, потребно е да сте внимателни при изборот на лицето во кого ја положувате вашата доверба кога станува збор за кариерните одлуки и општо одлуки кои би можеле да влијаат врз севкупната добросостојба на вашиот живот.
На овој HR Cafe & Networking настан ќе бидат опфатени следните теми:
-
Како кочингот може да го унапреди личниот и професионалнит развој на луѓето;
-
Како да се надминат бариерите кои стојат на патот кон успехот;
-
Како да се примени коучингот во развојот на децата;
-
Како да се изедначи растот на организацијата и поединецот
Настанот ќе опфати кратко предавање од страна на нашиот гостин-панелист, г-дин Пеџа Јовановиќ. Потоа ќе следи панел-дискусија со гостинот и членовите на Огранокот за коучинг при МАЧР, кадешто присутните ќе можат своите прашања за коучинг да ги постават директно на панелистите.
Говорници на HR Café & Networking настанот:
Гостин панелист: Пеџа Јовановиќ
Останати панелисти: Членовите на Огранокот за коучинг при МАЧР
За гостин-панелистот:
Пеџа Јовановиќ е сертифициран ICF-MCC, high-performance коуч, претприемач, татко и автор. Во текот на својата кариера има одржано повеќе од 1000 денови тренинг и повеќе од 3000 часови посветени на коучингот.
Пеџа досега работел на многубројни професионални ангажмани ширум светот, во Белград, Сао Пауло, Њуделхи, Доха, Виена, Лисабон, Краков, Скопје, Берлин, Сараево, Сингапур, Шангај и т.н.
Настанот е предвиден да трае два часа, со формалниот дел со почеток во 17:45 часот.
Агенда:
17:30 - 17:45 ч. - Регистрација
17:45 - 18:00 ч. - Вовед и отворање на настанот
18:00 - 18:30 ч. - Кратко предавање, г-дин Пеџа Јовановиќ
18:30 - 19:30 ч. - Панел дискусија со членовите на Огранокот за коучинг при МАЧР.
Остатокот од настанот е предвиден за неформален дел - networking.
Пријавување:
За да присуствувате Ве молиме задолжително да се пријавите:
на формуларот за регистрација или преку испраќање e-mail на info@mhra.mk.
#HRкафе е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси во соработка со нашите партнери и членови, наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.
Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите!