Почитувани пријатели,
Продолжуваме и овој месец со нашите полу-формални средби HR кафе и дружење, со тематска содржина. Со изборот на темата за овој пат повторно се навраќаме кон здравите животни навики и нивно поттикнување кај секој поединец, која никој пат не е исцрпена, земајќи ја предвид важноста и сериозноста за сите нас. Развој на потенцијалите и работната ефективност, намалување на стресот преку правилната исхрана и физичката активност, се дел од точките на кои ќе се задржиме на овој настан, потребни за дискусија во време кога живееме и работиме во динамична и стресна околина!
Која е нашата цел и идеја за натсанот? Да поттикнеме позитивни промени, потребни повеќе или помалку за секој од нас.
Почнувајќи со мали секојдневни чекори, да го подобрите своето здравје, да креирате нови навики за да бидете поуспешни и посреќни. Доброто здравје, добрата организираност, остварените цели можат да бидат добра основа за успешен и среќен живот.
Не ја пропуштајте можноста да слушнете нешто повеќе за тоа како функционира нашето тело, како да ја подобриме енергијата и како да ги намалиме несканите ефекти по нашето здравје заради долгото седење, со лесни, но корисни и ефективни вежби...
И прашањето за сите нас: Дали вреди кариерата и успехот ако немаме здравје, ако немаме време за нас и нашите најблиски?! Дали како менаџери на човечките ресури треба да размислиме за воведување на нови програми во нашите практики во компаниите?!
Оваа средба е осмислена да поттикне многу прашања и дискусии низ кои како фасилитатор ќе биде нашата гостинка на настанот, Елица Перчинкова која ќе не води низ темата заедно со Тоше Соколов. Темата стручно ќе биде елаборирана од страна на нашите ценети гости.
Елица Перчинкова
• Доктор по образовен менаџмент
• Магистер по кадровски менаџмент
• Магистер за јавна политика и менеџмент
• Лиценца за СКИТОП методологија
• Лиценциран НЛП практичар
• Лиценциран СДИ фасилитатор
• Мастер бизнис тренер
• Активен член на МАЧР
Тоше Соколов
• Лиценциран физиотерапевт
• Лиценциран физиотерапевт по “таф терапија”
• Лиценциран фитнес тренер
• Лиценциран нутриционист
Придружете ни се на настанот, бидете спремни за едно убаво дружење и да научиме како подобро да се грижиме за сопственото здравје. Да бидеме здрави и успешно да ги реализираме поставените цели, а можеби ќе ве мотивираме за нови навики и дневни рутини. Ве покнуваме да ги размениме искуствата, да се запознаеме меѓусебно проширувајќи ја мрежа на контакти и заедно да се напиеме кафе, како и секој месец! :)
Настанот е предвиден да трае околу 2 часа со тоа што формалниот дел ќе биде со времетраење од околу 30-40 минути, додека останатото време е наменето за неформално дружење.
За да присуствувате Ве молиме задолжително да го пријавите Вашето присуство преку онлајн пријавата: https://goo.gl/forms/3SdF9YrvLGd0AZHk1 или contact@mhra.mk.
Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите!
#HRкафе е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.
HR кафе
Објавено на: {{DatePublished}}
{{Title}}
{{{Content}}}
{{Superscription}}
{{#if Keywords}}
{{/if}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886&height=574"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements RelatedArticles}}
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
{{#each RelatedArticles}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements ArticlesInCategory}}
{{#each ArticlesInCategory}}
{{/each}}
{{/hasElements }}