Основана во 2014, Вивендум Ратио Солушнс е консултантска компанија посветена на поддршка на организациите од приватниот и јавниот сектор во креирање на промени и организациска агилност потребна за градење на подобра конкурентска предност и остварување на деловната стратегија. Центарот за извонредност за професионален развој на Вивендум Ратио Солушнс комбинира академска извонредност со експертиза од реалната пракса за да создаде трансформативно искуствено учење за организации и поединци. Нивната понуда вклучува програми за развој на лидерски и менаџерски вештини за сите нивоа во организациите, развој на вештини за управување со човечки ресурси, менторство и коучинг на менаџери, отворени семинари, како и персонализирани in-house обуки согласно потребите и целите на клиентите. Погледнете го интервјуто со Наташа Алексовска, основач, деловен консултант и коуч во Вивендум Ратио Солушнс;
„HR менаџерот треба да биде визионер којшто проактивно делува во организацијата“
Основана во 2014, Вивендум Ратио Солушнс е консултантска компанија посветена на поддршка на организациите од приватниот и јавниот сектор во креирање на промени и организациска агилност потребна за градење на подобра конкурентска предност и остварување на деловната стратегија. Центарот за извонредност за професионален развој на Вивендум Ратио Солушнс комбинира академска извонредност со експертиза од реалната пракса за да создаде трансформативно искуствено учење за организации и поединци. Нивната понуда вклучува програми за развој на лидерски и менаџерски вештини за сите нивоа во организациите, развој на вештини за управување со човечки ресурси, менторство и коучинг на менаџери, отворени семинари, како и персонализирани in-house обуки согласно потребите и целите на клиентите. Погледнете го интервјуто со Наташа Алексовска, основач, деловен консултант и коуч во Вивендум Ратио Солушнс;
1. Можете ли да ни кажете за кој дел од Вашата работилница учесниците на HR Викендот 2.0 би требало да бидат највозбудени?
Пред учесниците на HR Weekend 2.0 за прв пат ќе биде претставен Center of excellence за професионален развој на Вивендум Ратио Солушнс.
Глобалните трендови во управување со човечки потенцијал, како што се мобилност на таленти и промена на демографија (се поголемата улога на миленијали и генерација Z на работните места), кои имаат се поголем импакт на локалната економија, ги движи компаниите во насока на промена на начините на управување со човечкиот потенцијал.
Импактот од промените најмногу се чувствува на менаџерско/лидерско ниво, како и во функцијата за управување со човечки ресурси.
Од менаџерите/лидерите се бара промена на начин на раководење со тимовите додека од друга страна од функцијата човечки ресурси - нови системи и политики со кои на компаниите ќе им се овозможи поголема конкурентност при привлекување и задржување на вработени, но и подобрување на ангажираност на вработените, иновативност и континуиран развој за вработените.
Токму овие две групи на професионалци се фокус на Center of excellence на Вивендум Ратио Солушнс.
Методологијата на работа на центарот се заснова на 70%-20%-10% концептот на учење, а за да обезбедиме поголема поврзаност и мобилност на учесниците, ги користиме бенефитите од новите технологии и социјалните медиуми, и на учесниците ќе им овоможиме мобилност, поголема поврзаност (без разлика на локација), можност за live споделување на искуства, прашања, проекти, успешни приказни, учење преку социјални медиуми, дигитално учење, дигитални bit-size учења и други современи начини на учење овозможени од новите технологии.
2. Велите дека една од најзначајните цели кои се обидувате да ги постигнете преку вашите услуги е развојот на организациона агилност. Дали ќе можете да ни наведете пример како Вивендум Солушнс ја постигнува целта?
Концепт на агилна организација, преставува создавање на организација која за краток период може да се прилагоди и да одговори на промените на пазарот. Самиот концепт укажува дека човечкиот потенцијал е клучен за создавање на агилна организација.
За потребите на организациите, Вивендум Ратио Солушнс подготвува и одржува персонализирани обуки согласно потребите на клиентите и извршената GAP анализа, дополнително по обуките продолжуваме со процес на менторство и coaching за да обезбедиме континуитет на примена на научените знаења и вештини.
3. Како искусен професионалец во областа на човечки ресурси, можете ли да ни кажете како Вашите колеги, HR менаџери, ќе можат да бенефитираат од обуките кои ги нуди Вивендум Солушнс?
Теоријата во комбинација со практичното искуство на темите за кои држиме обуки, им овозможуваат на учесниците не само да ја научат теоријата туку се здобијат и со техники и алатки како истата да ја применат по враќање на своите работни места.
Дополнително за нашите обуки го користиме Kirckpatrik 2016 моделот за евалуација на обука. Модел кој освен евалуација за обука и квалитет на обучувач, на професионалците од областа на човечки ресурси им обезбедува информацијии за двигатели, односно системи и процеси кои компанијата е потребно да ги имплементира за да може да ја подобри примената на здобиените знаења на работните места.
4. Знаејќи дека Вие често работите со менаџери и HR професионалци. Кои се според Вас карактеристиките на добар HR менаџер?
Менаџер за човечки ресурси пред се е потребно да биде визионер кој проактивно делува во организацијата како би ја подготвил за идните трендови и предизвици кои произлегуваат од промените на пазарот. Секако извонредни менџерски и лидерски вештини, лична агилност и да е во тек со трендовите на работната сила, индустријата и новите технологии.
5. Според Вас, која е причината позади успехот на обуките? Дали сметате дека компаниите во Македонија на вистински начин ги искористуваат можностите и придобивките од обуките?
Прашањето е доста комплексно и тешко може да се идентификува само еден фактор кој влијае на успешноста.
На кратко како концепт, успешноста зависи од програмата за обука, односно дали темите и нивото се прилагодени на потребите на учесниците, дали има доволно практични примери со кои ќе се прикаже бенефитот од примена на знаењата, стил и методологија на предавачот и секако мотивацијата на учесниците.
6. Поради која причина се одлучивте да земете учество и да инвестирате дел од Вашето време во учество на настанот HR Викенд 2.0?
Како што споменав на почеток на оваа интервју, новите трендови имаат големо влијание на работењето на компаниите и тоа можеме да го забележиме во секојдневната работа со нашите клиенти, но и генерално од состојбата во економијата.
Професионалците од областа на човечки ресурси особено го чувствуваат овој притисок и високите барања за резултати.
Целта на нашето присуство не е исклучиво презентирање на услугите на Вивендум Ратио Солушнс на компаниите, туку и запознавање со професионалците од областа, разговор за темите кои ги интересираат и предизвиците со кои се соочуваат како и помош и насока во која можат да ги насочат своите активности за да ги надминат предизвиците.
Не пропуштајте ја обуката на Вивендум Ратио Солушнс на HR Weekend 2.0! Прочитајте повеќе за настанот и регистрирајте го Вашето присуство овде.