Македонската асоцијација за човечки ресурси Ве поканува на HR обука за:
„Coaching“
24 септември (вторник) | 10:00 - 16:00ч. | Скопје
Македонската асоцијација за човечки ресурси Ве поканува на HR обука на тема:
„Coaching“
24 септември (вторник) | 10:00 - 16:00ч. | Скопје
За темата:
Коучингот е стил на лидерство и развој на човечкиот потенцијал кој во новиот милениум го усвоија речиси сите компании од листата на Fortune 1000. Коучингот доведува до зголемување на продуктивноста на вработените до 70%, подобра организација на работата до 60% и поголема тимска ефикасност до 51%. Целта на секоја организација е визијата да ја претвори во конкретни акциони чекори, а целите во мерливи резултати. За да успее во својата мисија на организацијата и е потребен силен и стабилен тим кој ќе биде подготвен да се соочи со предизвиците. За улогата на коучингот (индивидуален и тимски) во сето тоа и соодветните алатки ќе зборуваме на обуката „Coaching“.
Главни цели на обуката
-
Осознавање на коучинг пристапот и разграничување од останатите пристапи и концепти
-
Поврзување на коучингот со растот, развојот и максимизирање на индивидуалниот и тимскиот потенцијал
-
Запознавање со основните коучинг вештини
-
Осознавање на основните коучинг алатки
За кого е наменета обуката?
Обуката е наменета за HR професионалци, претприемачи, менаџери од сите нивоа и типови организации, како и за сите развојно фокусирани индивидуи заинтересирани за личниот и професионален развој и унапредување на работното опкружување и успешноста на организациите.
Очекувани резултати:
На крајот од обуката учесниците ќе:
-
Ќе ги знаат предностите на коучинг пристапот и каде истиот може најмногу да ни користи
-
Кои резултати можат да ги очекуваат како резултат на примена на коучингот
-
Ќе се запознаат со методологијата и некои алатки кои ќе можат веднаш да ги применат
-
Ќе ги разберат потенцијалните причини за конфликтите во тимовите, недоразбирањата помеѓу членовите на тимот, отсуство на проактивност, лично ангажирање и мотивација.
За предавачите:
Зорица Поповска е основач на Сенсум Тренинг и Коучинг Центар. Покрај тоа што во компанијата се фокусира на развој на работењето, Зорица е ментор, тренер и коуч со богато професионално искуство.
Нејзиното досегашно искуство вклучува голем број на успешно реализирани тренинг и коучинг проекти со компании и индивидуалци. Области на нејзин интерес и експертиза се: коучинг (индивидуален, тимски коучинг), НЛП, развој на лидерство, влијателна комуникација, продажба, преговарање, харизма, претприемништво.
Пред да стане професионален тренер и коуч Зорица работеше на различни раководни продажни и развојни позиции. После речиси две децении искуство во деловниот свет и повеќе години во водење и развој на тимови, организирање на процеси, развој, менторство и коучинг на индивидуалци и тимови, дојде до сознанија дека успешното деловно работење и трајната лична трансформација бараат не само повеќе знаење, туку и промена на однесувањето која доаѓа од личниот развој и работа на сопствениот начин на размислување.
Магистрирала Менаџмент на човечки ресурси. Лиценциран обучувач за возрасни, Сертифициран NLP Тренер, Сертифициран NLP Capital Coach, NLP Master Prаctitionar, Сертифициран коуч за зголемена продажба и раст на бизнисот, Коуч за тимови со високи перформанси (според методологија на “Erickson Coaching International”), Коуч за женско лидерство (според методологија на Tara Mohr).
Зорица е член на МАЧР и член на УО на МАЧР.
М-р Христина Лозаноска е бизнис и персонален коуч, која поседува два сертификати за коучинг: Erickson Professional Coachсертификација акредитирана од International Coaching Federationи Capital C Coach, сертификација призната од American board of NLP,ANLP https://anlp.org. Христина е дипломиран правник на Правниот факултет, УКИМ, а постдипломски студии по менаџмент и организација завршува на Економскиот факултет во Љубљана, Словенија, соспецијализација по менаџмент со човечки ресурси. Соодеветниот едукациски бекграунд заедно со нејзиното лидерско искуство ја прави способна да работи со високи професионалци и лидери во јавниот и приватен сектор, на кои им помага да го унапредат својот лидерски стил. Нејзината страст и енергија која ја вложува во работата делуваат мотивирачки и охрабрувачки.Христина е коуч орентиран кон решенија,многу брзо проникнувa во сржта на она што
се случува, и потоа развива специфични, мерливи стратегии со кои клиентите ги поттикнува да размислуваат за предизвиците на сосема поинаков и проактивен начин.Секоја сесија обезбедува нови, јасни перспективи за тоа како да им пристапат на работните предизвици со јасна визија и акциски план.
Агенда:
Сесија 1:
• Запознавање (кратка вежба)
• Што е коучингот? Коучингот и другите концепти
• Значењето на коучингот за личниот развој и за организациите
Сесија 2:
• Основните вештини на коучингот
• Вежба
Сесија 3:
• Основни коучинг алатки
• Коучинг алатко кои најчесто се користат во насока на подигнување на мотивацијата и стекнување на дополнителни увиди во врска со задачата или проектот на кој клиентот или тимот работи
Сесија 4:
• Каде коучнгот може да ни помогне
• Вежба – Коучинг алатка
• Дебриф
Регистрација и котизација за учество:
Доколку сакате да учествувате на оваа обука, Ве молиме регистрирајте се на следниот линк,
или пополнете го следниот формулар (преземи) и проследете ни ја пополнета на contact@mhra.mk, најдоцна до 20.09.2019 (петок).
* За местото на одржување на обуката ќе бидете дополнително известени.
Редовниот износ за учество на обуката изнесува 4.800 денари.
*Износот за учество за индивидуални членови на МАЧР изнесува 4000 денари.
* Корпоративните членови на МАЧР имаат дополнителни поволности.
*За повеќе учесници од иста компанија следува дополнителен попуст.
Учесниците на обуката добиваат:
- Кафе и освежување
- Закуска
- Работен материјал
- Сертификат за присуство
За повеќе информации, можете да не контактирате преку испраќање e-mail до contact@mhra.mk или на телефонскиот број 078 389 277.
Со задоволство го очекуваме Вашето присуство!