Способност за критичко размислување – клучна вештина за деловен и образовен успех
Center of excellence на Вивендум Ратио Солушнс Ве поканува на обука на тема: „Критичко размислување и способност за носење одлуки“.
*Членовите на МАЧР имаат 15% попуст за учество доколку се пријават до 26.02.2020!
Способност за критичко размислување – клучна вештина за деловен и образовен успех!
Светскиот Економски Форум ја рангираше способноста за критичко размислување на второ место на листата од топ 10 вештини за 2020 година, кои вработените треба да ги поседуваат за да постигнат успех и напредување на работно место.
Често во секојдневниот живот не обрнуваме внимание на критичкото размислување. Секојдневно носиме одлуки кои имаат влијание на нас, нашите семејства, средината во која функционираме и генерално општеството. Во ситуации кога ризикот и последиците од одлука се високи, способност за критичко размислување и клучна.
Способност за критичко размислување е важно во образованието. Учењето бара јаки и развиени способности за размислување, интерпретација и интеграција на ново знаење и соодветна и практична примена на наученото. Оваа е особено важно при соочување со несекојдневни ситуации, проблеми и иновативни можности.
Способност за критичко размислување е клучна за деловен успех, поради што претставува една од клучните вештини кои работодавачите ги вреднуваат. Способност за критичко размислување, способност за ефикасна комуникција и решавање на комплексни проблеми претставуваат клучни компетенции кои работодавачите ги бараат при селекција на кандидати.
Модерната култура, комплексност и преоптовареност со информации од разновидни извори ја засилува потребата од примена на методи на критичко размислување, каде што е потребно континуирано да интерпретираме, анализираме, евалуираме и интерпретираме подаоци како би можеле да донесеме објективни и точни одлуки за неизвесни, непредвидливи и ризични ситуации.
Истражувањата укажуваат на врска помеѓу способност за критичко размислување со успех во образование и успех на работно место.
Опис на програмата:
Развиена способност за критичко размислување и решавање на проблеми придонесуваат до подобра способност за носење на одлуки и препораки – која претставува клучна компетенција во денешното време и современата работна средина.
Способност за критичко размислување придонесува при анализирање и подобрување на процесот на размислување, поставување на вистински прашања, преиспитување на претпоставки и разгледување на различни ставови.
Способност за ефективно решавање на проблеми помага соодветно да се идентификува и систематски е сеопфатно да се работи на проблемот, обезбедувајќи јасност при носење на одлуки и препораки.
Оваа обука на учесниците ќе им демонстрира како критичкото размислување и способност за носење на одлуки оптимално функционираат заедно и ќе им обезбеди практични примери и алатки кои можат да бидат применети во секојневниот личен и професионален живот и на задачи и проекти без разлика на нивната големина и комплексност.
За кого е наменета:
- Менаџери на сите нивоа во организација, вработени кои имаат аспирации за раководна позиција, вработени кои согласно систем за управување со таленти се идентификувани за идни раководни позиции
- Вработени и индивидуалци кои сакаат да ги подобрат своите можности за развој на кариера, способност за критичко размислување и носење на одлуки
- Сите индивидуи кои сакаат да ги развијат своите способности за критичко размилсување и носење на одлуки
Повеќе информации...