Јана Репаншек е една од нашите гости-говорници на овогодшната меѓународна конференција за човечки ресурси, на тема „ HR—the catalyst of transformation”. Таа зборуваше за институциите од јавниот сектор и нивниот потенцијал да се развијат во организации посветени на учење и развој на нивните вработени. Погледнете го нејзиното кратко интервју, во кое таа зборува за конференцијата, за состојбата со јавните институции на Балканот и за нивниот потенцијал во иднина.
„Луѓето на Балканот мораат да почнат да веруваат во својата способност да ги менуваат нештата“
Јана Репаншек е една од нашите гости-говорници на овогодшната меѓународна конференција за човечки ресурси, на тема „ HR—the catalyst of transformation”. Таа зборуваше за институциите од јавниот сектор и нивниот потенцијал да се развијат во организации посветени на учење и развој на нивните вработени. Погледнете го нејзиното кратко интервју, во кое таа зборува за конференцијата, за состојбата со јавните институции на Балканот и за нивниот потенцијал во иднина.
Дали би сакале да споделите две причини поради кои сметате дека овогодинешната HR конференција во организација на МАЧР успеа да ја достигне целта: да ја претстави улогата на HR менаџерите како катализатори на трансформација?
Прво, Вие како организатори внимателно одбравте говорници коишто се фокусирани токму на развојниот дел од професијата. Во мојата презентација, јас ја раскажав приказната како мојата институција, Center of Excellence in Finance, се трансформираше низ текот на времето. Претставив примери од три аспекти на коишто ние се фокусиравме: институционални системи и процеси, оспособување на физичката околина и психолошката безбедност. Последниот аспект е најмногу поврзан со нашата организациска култура, на којашто ние работиме преку овозможување коучинг сесии за нашите вработени. Фокусот на коучинг е втората причина зошто сметам дека конференцијата го постигна својата првична цел – претставување на улогата на HR менаџерите како катализатори на промена.
Што сметате дека е потребно за менаџментот во јавниот сектор да започне со градење доверба во потенцијалните промени?
На институциите од јавниот сектор, чијшто најголем двигател се екстерните побарувања од полиси, законодавство и сервиси, често им недостасува интерна рефлексија на потенцијалниот развој на нивните институционални капацитети. Нивната HR функција е често исклучиво административна. Но, институциите од јавниот сектор треба да одвојат дополнителни ресурси за HR секторите, со цел да се стави фокусот на развојните аспекти на HR, како на пример менаџмент на талентите и кариерен развој. Овие сектори треба да развијат квартални институционални HR стратегии. Исто така, тие треба да имаат директен пристап кон раководителите на инситуциите (на пример, министрите и сл.). Овие три елементи (развојниот фокус на HR, институционални HR стратегии, блиска соработка помеѓу институционалниот менаџмент и HR секторот) се предводници на градењето доверба во потенцијалните промени и трансформации во институциите од јавниот сектор.
Дали сметате дека менталитетот на луѓето од Балканот има влијание врз нивото на професионалност во институциите од јавниот сектор? Дали мислите дека институциите во балканскиот јавен сектор ќе достигнат одредени стандарди коишто ќе имаат позитивно влијание врз ефикасноста на нивната работа?
Менталитетот и културата секогаш играат многу важна улога во тоа „како ги правиме работите овде“. Јас сум оптимист. Но, се започнува со луѓето, индивидуите. Луѓето на Балканот мораат да почнат да веруваат во нивната способност да ги менуваат нештата. На ова поле, огромна улога играат концептите на доверба и почит. Во моментот кога луѓето кои се отворени кон промени, почнуваат да веруваат и да се почитуваат себеси и другите, тогаш тие се способни да формираат многу моќни тимови- а моќни тимови можат да формираат професионални и ефикасни институции од јавен сектор.
На 11тата МHRА конференција Вие зборувавте за доверба. Дали би сакале накратко да им објасните на нашите читатели коишто не беа присутни на конференцијата, за каква доверба конкретно зборувавте?
Ако постои доверба, работата се извршува и трансформацијата се случува. Во нејзино отсуство, нештата не се случуваат или се случуваат со многу побавно темпо. Зборував за верување, првично во себеси а потоа и во другите. Пишував на оваа тема во објава на блогот на CEF Learning Blog. Ги повикувам Вашите читатели да прочитаат повеќе.
Интервјуто е изворно објавено во е-весникот „Човечки Капитал“, бр. 10, стр. 9.