Извештај од Boston Consulting Group за 2013!!!
- Македонија за прв пат на HR мапата на Европа!
Creating People Advantage 2013 - Lifting HR practices to the next level е последниот извештај подготвен од страна на Boston Consulting Group во соработка со Европската асоцијација за управување со луѓето - ЕАПМ, врз база на емпириско онлајн истражување спроведено во 34 европски земји на извршни директори и менаџери од различни индустрии и области.
Истражувањето опфаќаше 10 општи теми од областа на менаџментот и HR, за кои што лицата кои учествуваа, од своја перспектива ги рангираа практиките кои се најмногу застапени, кои се актуелни и се од најголема важност во нивната компанија и обратно. Врз основа на квантифицирање на добиените одговори е составена матрица на приоритети во која можат да се воочат темите кои се од најголем интерес и особено значење за компаниите и на кои треба да им се даде целосен фокус во иднина.
За прв пат на HR мапата на Европа се јавува и нашата земја, благодарение на активностите на Македонската асоцијација за човечки ресусри, со нејзиното активно залагање за пополнување на онлајн истражувањето од страна на HR експертите и лидерите во Република Македонија, кои се активни членки на здружението и одвоија дел од своето време да го дадат својот придонес.
Крајните резултати, препораки и издвоените специфични HR практики, можете подетално да ги разгледате во самиот извештај.
HR истражувања
Објавено на: {{DatePublished}}
{{Title}}
{{{Content}}}
{{Superscription}}
{{#if Keywords}}
{{/if}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886&height=574"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements RelatedArticles}}
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
{{#each RelatedArticles}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements ArticlesInCategory}}
{{#each ArticlesInCategory}}
{{/each}}
{{/hasElements }}