Учествувајте во највлијателното светско истражување за HR и добијте бесплатен извештај за вашата организација!
Да ја вклучиме Северна МАкедонија во светската мапа на HR професионалци: учествувајте во следното големо истражување на Дејв Улрих!
Студијата за компетенции за човечки ресурси (Human Resources Competency Study - HRCS) е светска, водечка анкета, која се фокусира на одредување на компетенциите на одделот за човечки ресурси во организациите. Анкетата не опишува што е важно или што менаџментот за човечки ресурси верува дека е важно -всушност, анкетата ни дава приказ за тоа што навистина придава на вредност во поголема целина, во организациското функционирање.
Македонската асоцијација за човечки ресурси им нуди на своите членови единствена можност да земат учество и да добијат свои извештаи за човечки ресурси во сопствениот бизнис, или како индивидуален професионален практичар на менаџментот за човечки ресурси.
Со текот на годините, наодите од HRCS имаат големо влијание врз тоа како компаниите ја организирале функцијата HR и професијата како се развивала. Ова е една од главните причини зошто Дејв Улрих е повторно прогласен за водечки мислител во светот во рамките на HR. Истражувањето е глобално, но исто така ги анализира регионалните разлики.
Што добивате со учество во истражувањето?
- Посебни индивидуални извештаи и извештаи за организацијата, обележани со нови глобални податоци за референца.
- Општ извештај кој ќе ви биде проследен од МАЧР по завршувањето на анализата на податоци. Исто така, можете да преземете извештај од последниот пат кога се спроведе истражувањето.
- Можност да присуствувате на дигитални конференции за фидбек. Доколку учествуваат повеќе од 50 организации од Северна Македонија во истражувањето и секако доколку ситуацијата со корона вирусот го дозволува тоа, возможно е да се организира национална конференција за фидбек од истражувањето со RBL.
- Ќе добивате податоци што ви овозможуваат подобро да влијаете врз перформансите на вашата деловна активност.
- Истражувањето е бесплатно за компаниите учеснички со најмногу 50 учесници (испитаници).
Дополнителни информации за истражувањето, можете да слушнете директно од Дејв Улрих на следниот линк:.
Што треба да направите за да учествувате?
- На следниот линк: (https://www.rbl.net/hrcs-round-8/) можете да најдете дополнителни информации за извештајот и да се регистрирате за учество, себеси или Вашиот тим.
Регистрацијата е отворена. Собирањето и анализата на податоците ќе се одвива веднаш по завршувањето на летото и извештаите се очекува да бидат завршени околу крајот на годината. Конференциите ќе бидат организирани во текот на 2021 година.
Доколку сте заинтересирани, препорачуваме да се регистрирате веднаш.
Кога ќе се пријавите на анкетата, задолжително е да заведете координатор од Вашата организација кој подоцна ќе ги проследува информациите и ќе назначи испитаници во компанијата. За да добиеме организациски извештај, треба да добиеме најмалку пет одговори од бизнисот вкупно, но колку повеќе одговори, толку подобар ќе биде извештајот. Минималниот услов за добивање на проценка од 360 степени е четворица испитаници, кои се состојат од надредени, странични и подредени колеги.
Зад истражувањето стојат Универзитетот во Мичиген и групата RBL, кои тесно соработуваат со партнери кои го покриваат секој регион. Македонската асоцијација за човечки ресурси ја има можноста за учество поради нашето членство во Европската асоцијаицја за менаџмент со луѓе (EAPM - www.eapm.org.)
Ви благодариме што сте член на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Среќни сме да ви дадеме можност да се придружите на HRCS, со оглед на тоа што ова истражување е едно од најдобрите од ваков вид во светот.