Со задоволство Ве информираме дека Македонската асоцијација за човечки ресурси и оваа година е национален партнер во спроведување програмата “HR Starter”, во организација на нашите партнери од Србија - HR World.
Со задоволство Ве информираме дека Македонската асоцијација за човечки ресурси и оваа година е национален партнер во спроведување програмата “HR Starter”, во организација на нашите партнери од Србија - HR World.
Програмата “HR Starter”, која целосно ќе биде спроведена во онлајн формат, е наменета за сите ентузијасти за човечки ресурси кои во моментов се запишани на последна година од дипломски или магистерски студии или неодамна дипломирани студенти, без оглед на факултетот или универзитетскиот оддел!
Програмата е целосно бесплатна - единствениот услов е да имате добро владеење на англискиот јазик, да бидете мотивирани и да можете да посветите време за присуство на целосната програма. Ако имате аспирации да работите во човечки ресурси и сакате дa развиете вештини за иновативен пристап кон човечките ресурси пред да стапите во работна организација, “HR Starter” е местото каде што треба да бидете!
Повеќе информации околу програмата, како и насоки за аплицирање да бидете дел од неа (кликнете на копчето APPLY HERE), можете да најдете на следниов линк: https://hrstarter.net/
Рокот за пријавување е до 23 Март 2022 година и е отворена за 20 учесници/студенти од Македонија, така да побрзајте со Вашето пријавување.
Ве очекуваме на “HR Starter” 2022!
