Македонската асоцијација за човечки ресурси нуди можност за вработување на Извршен менаџер, на определен период.
МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ИЗВРШЕН МЕНАЏЕР
Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани формирано во 2009 година, заради вршење на дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата управување со човечки ресурси.
За потребите на нашето работење нудиме можност за вработување во Извршната канцеларија на МАЧР на определен период од најмалку 12 месеци, со пробна работа од 3 месеци. Улогата и обврските се состојат во управување со функционирањето на Извршната канцеларија, координација и спроведување на надлежностите на Извршната канцеларија согласно со утврдените планови и програми за работа во функција на успешно работење на асоцијацијата.
Истовремено нудиме флексибилност во поглед на работното време, местото на работа, можности за стекнување на нови знаења и вештини, создавање на широка мрежа на контакти пред сѐ во HR индустријата од деловниот и граѓанскиот сектор на општеството и искористување на креативниот потенцијал во креирањето на програмите и работата на организацијата.
Потребни квалификации и вештини:
- високо образование со најмалку 240 ЕКТС / Предност ќе имаат: Економски науки, Организациски науки и менаџмент, правни науки; магистерска диплома ќе се смета за предност;
- работно искуство од најмалку 5 години, со предност за кандидати со искуство од граѓанскиот сектор и искуство од работа со членство;
- дигитална писменост (задолжително познавање на Microsoft Office апликациите и социјални медиуми, познавања од дигитален маркетинг);
- задолжително познавање на англискиот јазик;
- поседување одлични комуникациски, организациски, преговарачки и вештини за тимска работа;
- поседување вештини за координација и раководење на тим;
- претставителност, креативност, дипломатичност, исполнителност и одговорност;
- познавање од проектен циклус, подготовка и водење на проекти ќе се смета за предност.
Работни задачи:
- оперативно менаџирање на извршната канцеларија во рамките на нејзините надлежности;
- оперативно-административна поддршка подготовка на седници на УО и на Собранието;
- одржување на релации со индивидуални и корпоративни членови, активности за проширување на членството;
- подготовка на одлуки, извештаи, записници за работењето на здружението за разни цели;
- преземање на административни активности во процесот на аплицирање за проекти и менаџирање со проектното портфолио, известување за реализацијата на проектите пред УО;
- спроведување на стратегискиот план на МАЧР, подготовка на годишен деловен и оперативен план и буџет, раководење, координација и реализација на планираните активности утврдени со годишниот план за работа и со финансискиот план;
- сметководствена контрола и подготовка за книжење, вршење на плаќања;
- организација и координација на активностите за организација на настани на МАЧР (обуки, конференција, други настани);
- водење на актите, деловодник и администрирање на документи;
- грижа за целосно функционирање на комуникациските канали и
- други работи и работни задачи во согласност со карактеристиката на работното место за потребите на МАЧР.
Доколку имате желба да бидете дел од нашиот тим, посветени сте, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најголемите бизнис платформи од граѓанскиот сектор, Ве покануваме да се пријавите преку e-mail на darko.petrovski@mhra.mk, најдоцна до 29.06.2020 со доставување на:
- Вашата професионална биографија (CV) и
- писмо за пројавување интерес.
ЗАБЕЛЕШКА: Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Доколку сте повикани на интервју, потребно ќе биде да доставите доказ за завршено образование (уверение за дипломирање или за положени испити).