Со задоволство Ве информираме дека МАЧР од 1-ви Јануари 2025 година започна со имплементација на проектот „ВОВЕД ВО РОДОВО-БАЗИРАНАТА КОРУПЦИЈА ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР“.
Почитувани,
Со задоволство Ве информираме дека МАЧР од 1-ви Јануари 2025 година започна со имплементација на проектот „ВОВЕД ВО РОДОВО-БАЗИРАНАТА КОРУПЦИЈА ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР“. Во времетраење од 18 месеци, заедно со нашите корпоративни и индивидуални членови, партнери и соработници, ХР-професионалци и специјалисти, како и други заинтересирани/засегнати страни, ќе работиме на идентификација, превенција и борба против родово базираната корупција, со посебен осврт на приватниот сектор, што претставува и главна цел на проектот.
https://www.facebook.com/protivkorupcija
Во рамките на проектот, меѓу останатото, се предвидени и следниве активности во кои можат да се приклучат претставници на бизнис секторот, граѓанските организации, стопанските комори и синдикатите, државните и локалните институции, како и други заинтересирани страни:
- Истражување
- Обука/тренинг
- Панел дискусија
- Регионални настани за вмрежување и споделување на знаење и искуства
Вашиот интерес за приклучување кон проектните активности можете да го искажете со пополнување на краткиот формулар:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeooV0gabO5yRDlW24nii6KPHzPNxHRgtWNdnJBOKm84faZiw/viewform
Повеќе информации за проектот можете да добиете од страна на проектниот тим на 078/389-277 и contact@mhra.mk
Ве очекуваме!

Проектот „Вовед во родово-базирана корупција во приватниот сектор“ се спроведува со поддршка на програмата Граѓаните против корупцијата, која се реализира од Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС во партнерство со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ) и Балканската истражувачка репортерска мрежа Македонија (БИРН). Финансирана е од Агенцијата на САД за меѓународен развој.