Млад HR ентузијаст на годината
МЛАД HR-ЕНТУЗИЈАСТ НА ГОДИНАТА
Наградата „Млад HR-ентузијаст на годината“ има за цел да ги препознае, признае и промовира истакнатите млади HR-ентузијасти коишто се на почеток на нивната кариера во организациите, коишто во изминатата година особено се истакнале со својот потенцијал, посветеност, креативност и истрајност во остварување на сопствената визија за имплементација на модерни и делотворни HR-практики во организациите.
Со талентот, мотивацијата и визијата како главни обележја, оваа награда се стреми да го признае досегашниот труд, посветеност и позитивното влијание на младите HR-ентузијасти коишто тукушто започнуваат со професионалниот развој во полето на МЧР. МАЧР има за цел со воведување на признанието посветено на HR-менаџерите на иднината, да ги поттикне и дополнително да ги мотивира сите млади таленти во ова поле на делување, храбро да го продолжат својот пат кон личен и професионален развој, со цел во иднина да станат HR-менаџери коишто сме сигурни дека ќе се одликуваат со уште поголем број на признанија.
Со оваа награда, го насочуваме фокусот кон иднината и го поплочуваме патот до успехот, преку истакнување на вистинските вредности коишто еден HR-менаџер треба да ги поседува од самите почетоци.
За наградата „Mлад HR-ентузијаст на годината“ може да биде номиниран вработен во одделот на HR кој има најмногу 5-годишно искуство во полето на Менаџмент со човечки ресурси.