Македонската асоцијација за човечки ресурси ве поканува на HR кафе & Networking, овој пат на тема:
“Пристапи за ослободување на индивидуалниот и тимскиот потенцијал и обновување на мотивацијата”
Секоја индивидуа поседува инхерентен потенцијал самостојно да изнајде оптимални решенија кои се комплементарни со индивидуалните потреби и цели, на приватно и деловно поле.
Секојдневните предизвици кои се дел од нашата реалност забрзано еволуираат поттикнати од промените во околината. Соочени сме со притисок од приспособување на настанатите промени, што мандатира промена во базичните постулати на кои се темелат нашите перцепции за себе и она што е неопходно да го направиме за да успееме да ги креираме резултатите кои ги посакуваме.
За време на настанот ќе зборуваме за теоретската референтна рамка, како и начините и пристапите за развој на овие способности и вештини.
Темата е наменета за сите заинтересирани за развој и напредок во приватниот и деловниот живот. За сите кои се стремат кон максимално искористување на внатрешниот природен потенцијал, како и за обновување на личната и тимската мотивација и инспирација.
Зорица Поповска ќе биде нашата гостинка на настанот, која ќе говори на темата.
Зорица е основач на Сенсум Тренинг и Коучинг Центар. Таа е Магистер по менаџмент за човечки ресурси, Лиценциран обучувач за возрасни, Сертифициран NLP Capital Coach, NLP Master Practitioner, Сертифициран коуч за зголемена продажба и раст на бизнисот, Коуч за тимови со високи перформанси.
Таа поседува големо и релевантно искуство во водење тимови, организирање на процеси, развој и работа со луѓе. Главен интерес и фокус на нејзината работа се подршка на личниот развој, оптизмизирање и откривање на скриените потенцијали на поединците и тимовите, како и нивната извонредност во брзото и комплексно живеење.
Настанот е предвиден да трае околу 2 часа со тоа што формалниот дел ќе започне во 18.00 часот и ќе биде со времетраење од околу 30-40 минути, додека останатото време е наменето за неформално дружење.
За да присуствувате Ве молиме задолжително да го пријавите Вашето присуство преку онлајн пријавата: https://goo.gl/forms/GH32hrFrnW2W1UFx1 или contact@mhra.mk.
Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите!
#HRкафе е отворен и бесплатен настан, организиран од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, наменет за дружење, ширење на мрежата на контакти, размена и споделување на искуства.
HR кафе
Објавено на: {{DatePublished}}
{{Title}}
{{{Content}}}
{{Superscription}}
{{#if Keywords}}
{{/if}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886&height=574"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements RelatedArticles}}
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
{{#each RelatedArticles}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements ArticlesInCategory}}
{{#each ArticlesInCategory}}
{{/each}}
{{/hasElements }}