HR обуки
Водејќи се од потребите и барањата на нашите членови, МАЧР од почетокот на 2019 година воведе нова програма на обуки посветени на теми од менаџментот со човечки ресурси. Предвидени се најмалку 4 обуки, распределени во текот на годината, на коишто можат да присуствуваат сите заинтересирани HR професионалци, менаџери, како и сите ентузијасти во унапредувањето на работното опкружување и успешноста на организациите.
Распоред на обуки:
Јуни, 2019
“Ангажираност на вработените - суштинска врска помеѓу организацијата и вработените“ - Ивана Дојчиновска Стојановиќ и Ана Томовска Мисоска
Септември, 2019
„Coaching" - Христина Лозаноска, основач на Вита Институт и Зорица Поповска, основач на Сенсум- тренинг и коучинг центар (Повеќе информации наскоро)
Октомври, 2019
HR Weekend 2019
Ноември, 2019
„Стратегиски менаџмент“ - Љупчо Ефтимов, професор на Економски факултет при УКИМ и Дарко Петровски, основач на Бизнис талент инкубаторот Степ-ап и претседател на МАЧР (Повеќе информации наскоро)
Декември, 2019
„Менаџмент на перформанси“ - Олгица Спасевска, Директор за човечки ресурси во Шпаркасе Банка (Повеќе информации наскоро)