HR практика на годината

ИЗБОР НА HR-ПРАКТИКА НА ГОДИНАТА

МАЧР е во потрага по организации кои можат да се пофалат со проактивни HR тимови кои во изминатата година ја издигнале својата организација на повисоко ниво  и со воведување на иновативни стратегии, делотворни практики и извонредна изведба на истите, се заслужни за зголеменото задоволство и ниво на продуктивност кај вработените. Целта на наградата „HR-практика на годината“  е да оддаде признае, односно официјална потврда за успехот на реализираната иницијатива и промена и да претставува орден за проактивното дејствување на организацијата. 

За HR-практика на годината може да биде номинира секоја приватна, државна или невладина организација во Македонија.