За Најпопуларна HR практика на годината може да биде номинира секоја приватна, државна или невладина организација во Македонија којашто изминатата година има воведено впечатлива и ефективна HR практика, која има придонесено кон промени за подобрување на секојдневното работење и функционалност на организацијата.
ПОДНЕСУВАЊЕ НА НОМИНАЦИЈА ЗА НАЈПОПУЛАРНА HR ПРАКТИКА НА ГОДИНАТА
За Најпопуларна HR практика на годината може да биде номинирана секоја приватна, државна или невладина организација во Македонија којашто изминатата година има воведено впечатлива и ефективна HR практика, која има придонесено кон промени за подобрување на секојдневното работење и функционалност на организацијата. Номинацијата за избор на HR практика на годината може да биде направена од страна на:
- Извршниот Директор во организацијата
- Колеги на менаџерска функција од организацијата
- HR менаџери од други организации или
- Било кој вработен во организацијата.
По номинирањето, одговорно лице од компанијата потпишува документ со кој е согласен да учествува во изборот со конкретна HR практика којашто е имплементирана во компанијата и да ја прими наградата доколку компанијата биде избрана.
Номинирањето на HR практика на годината се врши во три категории:
- Компании/организации до 50 вработени (микро и мали)
- Компании/организации од 51 до 250 вработени (средни)
- Компании/организации над 251 вработен (големи)
Секоја компанија/организација има право да номинира максимум две (2) практики
Процесот на номинирање на HR практика на годината се состои од неколку чекори:
Чекор 1
Подносителот е потребно да го пополни формуларот за номинирање на HR практика на годината .
-Реализацијата на овој чекор е во периодот до 22 март 2024.
Чекор 2
По завршување на процесот на номинирање на практиките се пристапува кон вториот чекор - собирање на потребните документи со кои се докажува исполнувањето на дефинираните критериуми за избор на HR практика на годината.
Номинираната компанија е потребно да достави:
- Јасен напис во којшто се опишани целите на практиката, нејзината имплементација, и како истата се совпаѓа со критериумите опишани во делот 2. Критериуми за оценување (во продолжение на овој текст).
- Податоци со кои се утврдува успехот на практиката: поврат на инвестицијата и како го има зајакнато дејствувањето на организацијата – можете да користете метрики, анегдоти, повратни информации од клиенти и студии на случај.
Овие документи ќе ги добијат номинираните практики кои ја потврдиле номинацијата од страна на одговорно лице од извршната канцеларија на МАЧР.
-Реализацијата на овој чекор е во периодот од 22 Март - 5 април 2024.
Чекор 3
Собраните документи се проследуваат по електронски пат до сите членовите на комисијата за избор на HR награди за 2023 година, од страна на одговорно лице од извршната канцеларија на МАЧР.
**За HR практика на годината не може да се номинира:
- Компанија во која е вработен член на УО на МАЧР во моментот на номинирањето.
Комисијата за избор на HR награди за 2023 година ќе избере финалисти коишто ќе преминат во наредниот круг во изборот.