Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси и оваа година организира избор за доделување на HR награди во три категории.
Номинирајте кандидат и (или) компанија за кои сметате дека направиле значаен придонес во развојот на HR професијата

Македонската асоцијација за човечки ресурси, и оваа година ќе додели признанија во категориите: „HR-Менаџер на годината“, „HR-Практика на годината“ и „Млад HR-ентузијаст на годината“. Целта на овие награди е да се препознаат, признаат, промовираат и да се наградат успесите на најпосветените професионалци и тимови од одделот за управување со човечките ресурси.
Изминатата година беше исполнета со огромен број на предизвици за HR-професионалците и наложи воведување и трансформација на одредени HR-практики и управувања со човечките ресурси. Водејќи се од мисијата и визијата на МАЧР „Развој на луѓето и организациите“, преку овие награди МАЧР се стреми кон препознавање и валидација токму на HR-професионалците и организациите коишто ја делат истата мисија. Токму поради тоа, целта на овие награди е да се препознаат, признаат, промовираат и да се наградат успесите на најпосветените професионалци и тимови од одделот за управување со човечките ресурси во изминатата календарска година.
Кому се доделуваат овие награди?
-
„HR-менаџер на годината“ - Целта на изборот на HR-менаџер на годината е да се препознае, признае, промовира и да се награди успехот на најпосветениот професионалец во делот на управување со човечките ресурси во изминатата календарска година. За наградата HR-менаџер може да биде номиниран вработен, кој како дел од своите работни активности ги има креирањето и спроведувањето на стратегијата за човечки ресурси во организацијата. Работни места со овие работи задолженија најчесто се именувани како директор за човечки ресурси, менаџер за човечки ресурси, раководител на Сектор за човечки ресурси и сл.
Повеќе информации за постапката на номинирање и критериумите за оценување можете да прочитате на следниот линк.
-
„Млад HR-ентузијаст на годината“ - Наградата има за цел да ги препознае, признае и промовира истакнатите млади HR-ентузијасти коишто се на почеток на нивната кариера во организациите, коишто во изминатата година особено се истакнале со својот потенцијал, посветеност, креативност и истрајност во остварување на сопствената визија за имплементација на модерни и делотворни HR-практики во организациите. За „Млад HR-ентузијаст на годината“ може да биде номиниран вработен во одделот за човечки ресурси кој има најмногу 5-годишно искуство во полето на Менаџмент со човечки ресурси.
Повеќе информации за постапката на номинирање и критериумите за оценување можете да прочитате на следниот линк.
-
„HR-практика на годината“ - Целта на наградата „HR-практика на годината“ е да оддаде признае, односно официјална потврда за успехот на проактивните HR-тимови кои во изминатата година ја издигнале својата организација на повисоко ниво и кои со воведување на иновативни стратегии, делотворни практики и извонредна изведба на истите, се заслужни за зголеменото задоволство и ниво на продуктивност кај вработените. За HR-практика на годината може да биде номинира секоја приватна, државна или невладина организација во Македонија.
Повеќе информации за постапката на номинирање и критериумите за оценување можете да прочитате на следниот линк.
Како да (се) номинирам за некоја од категориите?
Доколку веќе имате идеја кој од вашите колеги/соработници/пријатели/познаници би ги номинирале за категориите „HR-менаџер на годината“ или „Млад HR-ентузијаст на годината“, или пак сметате дека некоја нова корисна и добра HR-практика е водедена во некоја компанија/институција/организацијa, вашата номинација можете да ја направите на следните електронски формулари:
Подетални информации за процесот на номинација и останатите чекори при изборот на наградите можете да погледнете на следниот линк.
Напомена: Крајниот рок за доставување на номинациите е 31 Март 2021 година. (Информации за временската рамка на изборот како и други поважни рокови за истиот можете да погледнете на следниот линк.)
Со задоволство ги очекуваме вашите номинации!
Архива
Објавено на: {{DatePublished}}
{{Title}}
{{{Content}}}
{{Superscription}}
{{#if Keywords}}
{{/if}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886&height=574"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements RelatedArticles}}
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
{{#each RelatedArticles}}
{{/each}}
{{/hasElements}}
{{#hasElements ArticlesInCategory}}
{{#each ArticlesInCategory}}
{{/each}}
{{/hasElements }}