HR менаџер на годината

ИЗБОР НА HR МЕНАЏЕР НА ГОДИНАТА!

Изборот за најдобар HR менаџер на годината за прв пат се организираше во Република Македонија, во 2014 година од страна на Македонската асоцијација за Човечки ресурси и има за цел да ја подигне свесноста за важноста на човечките ресурси во организацијата и потребата од активно вложување и унапредување на истите. 

Целта на изборот на HR менаџер на годината е да се препознае, признае, промовира и да се награди успехот на најпосветениот професионалец во делот на управување со човечките ресурси. Промовирање и признание за HR менаџерот од една страна и од друга страна промовирање и признание на организацијата која е посветена во интегрирање на успешните практики во делот на управувањето со човечките ресурси како една од носечките алки во делувањето на организацијата.
Со изборот на HR менаџер на годината се има за цел дефинирање на вредностите и принципите според кои се градат организации кои применуваат најдобри пракси во управување со човечките ресурси во организацијата исто како и да се промовира професијата HR менаџер и неговото значење и функција за организацијата.

За наградата HR менаџер може да биде номиниран вработен кој како дел од своите работни активности ги има креирањето и спроведувањето на стратегијата за човечки ресурси во организацијата. Работни места со овие работи задолженија најчесто се именувани како Директор за Човечки ресурси, Менаџер за Човечки ресурси, Раководител на Сектор за Човечки ресурси и сл...


Актуелности

 

Избран е најдобриот HR менаџер за 2018 година

Изборот за најдобар HR менаџер, кој го спроведува Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), се прави петта година по ред со цел да се препо

Прочитај повеќе
 

Поднесување на номинација-HR менаџер

Прочитај повеќе
 

Избор на HR менаџер за 2018

Македонската асоцијација за човечки ресурси по петти пат ќе го додели веќе познато признание и награда HR менаџер на годината на менаџер кој со своја

Прочитај повеќе