HR практика на годината

ИЗБОР НА HR ПРАКТИКА НА ГОДИНАТА

МАЧР е во потрага по организации кои можат да се пофалат со проактивни HR тимови кои во изминатата година ја издигнале својата организација на повисоко ниво  и со воведување на иновативни стратегии, делотворни практики и извонредна изведба на истите, се заслужни за зголеменото задоволство и ниво на продуктивност кај вработените. Целта на наградата „HR практика на годината“  е да оддаде признае, односно официјална потврда за успехот на реализираната иницијатива и промена и да претставува орден за проактивното дејствување на организацијата. Уважувањето од страна на зружението, пред се составено од најуспешните HR менаџери во рамки на Македонија, ќе биде доделено на вечерната забава, традиционален настан со кој се обележува завршетокот на најголемиот HR настан во државата и во регионот, 12тата Меѓународна HR Конференција, во организација на МАЧР.

За HR практика на годината може да биде номинира секоја приватна, државна или невладина организација во Македонија.