Како што веќе сте запознаени, Македонската асоцијација за човечки ресурси на 3-ти и 4-ти Декември 2020 година, успешно ја реализираше својата „12 Меѓународна MHRA Конференција“, насловена "Future-fit organizations: Proactive HR". На конференцијата, свој говор и презентација имаа 22 гости-говорници и учествуваат повеќе од 300 учесници ширум Европа, од Норвешка на север- до Турција на југ, и од Велика Британија на запад- до Ерменија на исток!
Би сакале да ве известиме дека МАЧР ја нуди можноста за пристап до целокупната содржина на конференцијата, по ексклузивна цена од 2900 денари. За пристап до целокупната содржина на конференцијата, можете да направите Ваша регистрација и директна уплата на следниов
линк.
Со направената регистрација и уплата, добивате пристап до е-платформата, каде што ќе можете да погледнете повеќе од десет часа видео записи и да превземете 25 презентации од говорниците, да го погледнете HR Expo 2020 и други придружни содржини и материјали од Конференцијата!
Напомена: За сите кои што ќе се одлучат да ги набават материјалите од конференцијата, тие ќе бидат на располагање на платформата заклучно со 28-ми Февруари 2021 година.
За дополнителни информации и прашања, Ве замолуваме да не контактирате на contact@mhra.mk и +38978389277.