Македонската асоцијација за човечки ресурси Ве поканува на обука на тема „Ангажираност на вработените – суштинска врска помеѓу огранизацијата и вработените“, со Ана Томовска Мисовска и Ивана Дојчиновска Стојановиќ.
Обуката е еднодневна и ќе се одржи во четврток, 27 јуни.
Македонската асоцијација за човечки ресурси Ве поканува на HR обука на тема:
„Ангажираност на вработените – суштинска врска помеѓу огранизацијата и вработените“,
27 јуни, четврток | 10:00-16:00ч
За темата:
Ангажираноста на вработените е една од клучните алки за поттикнување на продуктивноста, намалување на обртот и градење на силна и мотивирачка организациска култура. Оваа обука ќе овозможи стекнување на сознанија за коцептот на ангажираност како и начините за поттикнување на ангажираноста на вработените преку различни организациски активности. Учесниците ќе добијат увид во алатки за осознавање на ангажираноста на вработените и некои начини за подобрување на истата.
Главни цели на обуката:
-
Осознавање на концептот на ангажираност и разграничување од сличните концепти
-
Интерактивни вежби за поттикнување на мапирање на ангажираноста на вработените
-
Поврзување на ангажираноста со начините на комуникација во организациите и комуникациските стилови, организациската култура
-
Разработка на ралични пристапи за ангажираноста и мерење на ангажираноста
За кого е наменета обуката?
Обуката е наменета за HR професионалци, менаџери од сите нивоа и типови организации, како и за сите ентузијасти во унапредувањето на работното опкружување и успешноста на организациите. На обуката ќе можете да ја идентификувате својата ангажираност во работата, а двоен ефект ќе имате доколку со вашата позиција влијаете на работното опкружување и на други вработени.
Очекувани резултати:
На крајот од обуката учесниците ќе:
-
Можат да ја препознаат ангажираноста кај вработените и да ги разберат предусловите за поттикнување, како и ефектите од нивото на ангажираност во организацијата
-
Знаат повеќе алатки за мерење на ангажираноста на вработените
-
Размислуваат критички за различни аспекти на организациското однесување поврзани со ангажирансота на вработените
-
Можат да предложат начини за подобрување на ангажираноста на вработените
За предавачите:
Д-р Ана Томовска Мисоска докторирала на Queen’s University Belfast . Во моментов е Вонреден Професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. ГИ предава предемтите Психологија, Менаџмент на човечки ресурси и Однесување на потрошувачите. Таа била вклучена во повеќе научно-истражувачки и апликативни проекти во Република Северна Македонија и Северна Ирска и има значителен број на меѓународни публикации. Нејзиното поле на интерес е истражување на организациската култура и усогласеност, претприемачките намери, образование и други прашања од областа на организациското однесување.
М-р Ивана Дојчиновска Стојановиќ е професионалец со повеќегодишно искуство во менаџирање со луѓе, специјализирана на меѓународни корпоративни системи. Од 2018 година раководи со Центарот за управување со човечки ресурси на НЛБ Банка АД Скопје. Во своето работно портфолио има докажано искуство во воспоставување стратегии и сеопфатни системи за менаџирање со луѓе во повеќе индустрии. Во поле на интерес и се концептите на организациско однесување, промени во организациите и агилни менаџерски пристапи.
Магистрирала Менаџмент на човечки ресурси. Сертифициран советник за кариера (GCDF – Global Career Development Facilitator) и сертифициран обучувач на советници за кариера, сертифициран обучувач на возрасни, обучен професионалец за односи со јавност, лиценциран ментор за практиканти.
Ивана е основач и претседателка на Асоцијацијата на советници за кариера (АСК) и член на УО на МАЧР. Во рамките на наградата „HR менаџер на годината 2014„, МАЧР ја одликуваше со признание за особени достигнувања во професијата.
Агенда:
Сесија 1:
- Запознавање (кратка вежба)
- Ангажираноста и сродните концепти
- Предуслови за поттикнување на ангажираноста
- Значењето на ангажираноста за организациите (ефекти од ангажираност)
Сесија 2:
- Организациска култура и клима
- Интерактивна вежба
Сесија 3:
- Комуникација во организациите и комуникациски стилови
- Вежба за комуникациски стилови
- Предизвици во пракса
Сесија 4:
- Модели на ангажираност
- Вежба мојата лична ангажираност
- Поттикнување на ангажираноста на вработените
- Вежба: Поттикнување на ангажираноста во различни услови
Обуката ќе се одржи во времетраење од 10:00 до 16:00ч.
Регистрација и котизација за учество:
Доколку сакате да учествувате на оваа обука, Ве молиме регистрирајте се на следниот линк: https://forms.gle/BPpowFj6GNZiRvBs6
или пополнете го следниот формулар (преземи) и проследете ни ја пополнета на contact@mhra.mk.
* За местото на одржување на обуката ќе бидете дополнително известени.
Редовниот износ за учество на обуката изнесува 4.800 денари.
*Износот за учество за индивидуални членови на МАЧР изнесува 4000 денари.
* Корпоративните членови на МАЧР имаат дополнителни поволности.
*За повеќе учесници од иста компанија следува дополнителен попуст.
Учесниците на обуката добиваат:
- Кафе и освежување
- Закуска
- Работен материјал
- Сертификат за присуство
За повеќе информации, можете да не контактирате преку испраќање e-mail до contact@mhra.mk или на телефонскиот број 078-389- 277.
Со задоволство го очекуваме Вашето присуство!