Комисијата за избор на HR-менаџер на годината се состои од пет членови, експерти во областа на човечките ресурси со најмалку 10 годишно искуство и тоа двајца од академската област, двајца професионалци од бизнис средината и HR-професионалец носител на титулата HR-менаџер од минатата годината т.е. првата година член на комисијата ќе биде Претседателот на МАЧР.
Членови на Комисијата за избор на HR-менаџер на годината се следните:
Доц. д-р Ефтимов Љупчо
Продекан за настава на Економски факултет- Скопје
Професор по предметите Менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси на Економски факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје; Раководител на постдипломскиот студиум Стратегиски менаџмент на човечки ресурси; Консултант во областа на организациските стратегии и менаџментот на човечките ресурси; Член на управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси.
м-р Ана Салтирова Давидовски
Ана од 2005 активно работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини. Фокусот и професионалниот предизвик за неа се наоѓа некаде помеѓу теоријата и практиката, имплементирање и адаптирање на успешните практики, за поотворено и побрзо справување со промените притоа застапувајќи го холистичкиот пристап. Потрагата по истото ја има однесено до запознавање со NLP методологијата, сега веќе активно се работи и како NLP Тренер и Коуч. Исто така на оваа тема има напишано повеќе статии во печатени и дигитални списанија, блогови и портали. Таа е магистер по Менаџмент на Човечки ресурси, а преку магистерската теза за првпат го внесе NLP во академските трудови во Македонија. Автор е на детската книга „Благодарам“ преку која методологијата на НЛП ја доближи до најмалите. Исто така е член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси, член на Техничкиот комитет ТК 42 за HR стандарди под Институтот за стандардизација на Република Македонија (кој е мирор комитет на меѓународниот технички комитет ISO/TC 260 – Human Resource Management) и активна е на повеќе проекти за развој на ЧР во Македонија и промоција на професијата.
Доц. д-р Ана Томовска-Мисоска,
Доцент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје
Ана докторирала на School of Education, Queen's University Belfast во областа на психологијата. Во моментов е доцент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје каде што предава предмети од областа на Психологијата и Менаџментот на Човечки Ресурси. Во текот на својата кариера работела на голем број истражувачки и апликативни проекти во Македонија и Северна Ирска. Нејзиното поле на интерес ги опфаќа различните аспекти од функционирањето на организациите како на пример организациската култура и особено човечкиот аспект на организациите. Нејзините трудови се објавени во различни меѓународни изданија.

м-р Ивана Дојчиновска- Стојановиќ,
Ивана е професионалец со повеќегодишно искуство во менаџирање со луѓе, специјализирана на меѓународни корпоративни системи. Од 2018 година раководи со Центарот за управување со човечки ресурси на НЛБ Банка АД Скопје. Во своето работно портфолио има докажано искуство во воспоставување стратегии и сеопфатни системи за менаџирање со луѓе во повеќе индустрии. Во поле на интерес и се концептите на организациско однесување, промени во организациите и агилни менаџерски пристапи.
Магистрирала Менаџмент на човечки ресурси. Сертифициран советник за кариера (GCDF – Global Career Development Facilitator) и сертифициран обучувач на советници за кариера, сертифициран обучувач на возрасни, обучен професионалец за односи со јавност, лиценциран ментор за практиканти.
Ивана е основач и претседателка на Асоцијацијата на советници за кариера (АСК) и член на УО на МАЧР. Во рамките на наградата „HR менаџер на годината 2014„, МАЧР ја одликуваше со признание за особени достигнувања во професијата.
Амина Идризи - Директор за Човечки Ресурси во Шпаркасе Банка
Амина има повеќе од 10 години искуство во областа на човечките ресурси, со посебен фокус на работа во интернационални компании од автомобилската индустрија. Низ нејзината кариера, имала клучна улога во основањето на компаниja од самиот старт, како и во креирањето на HR стратегии и структури кои се базирани на специфичните потреби на растечките организации. Нејзиното искуство опфаќа различни аспекти на човечките ресурси, вклучувајќи стратегиско планирање, развој на таленти, имплементација на системи за управување со перформанси, управување со организациски промени, регрутирање и селекција, како и развој на корпоративната култура.
Магистер е по Монетарна економија, финансии и банкарство, што ѝ овозможува стратегиски пристап во управувањето со ресурсите и усогласување на HR стратегиите со бизнис целите на организациите.
Нејзиното лидерство и посветеност на развој на човечките ресурси се признаени во индустријата, а во 2023 година ја добива наградата за најдобар HR менаџер.
Во моментов, Амина е Директор за Човечки Ресурси во Шпаркасе Банка и исто така и активен учесник во локалните и меѓународните HR мрежи, делувајќи како ментор и тренер за идните генерации HR лидери.