Во знак на признание за претстојната соработка, на годинешната 11. Меѓународна HR-конференција, насловена „HR – the catalyst of transformation”, претседателот на МАЧР, г-дин Дарко Петровски, на седумте досегашни корпоративни членови, им го додели обележјето - КОРПОРАТИВЕН АМБЛЕМ насловен “People oriented company”.
Почнувајќи од оваа, 2019 год., Македонската асоцијација за човечки ресурси - МАЧР, покрај досегашното индивидуално членување, воведе нова можност за пристапување и на припадниците на бизнис заедницата во HR-асоцијацијата во облик на КОРПОРАТИВНО ЧЛЕНСТВО.
Со воведувањето на корпоративното членство, МАЧР иницира нова епоха на HR-заедницата во нашата земја и тоа:
- поблиска соработка со бизнис заедницата и зголемување на можностите за меѓу-организациска соработка и размена на »know how« во доменот на управувањето со човечките ресурси
- можност на компаниите-членки да ја декларираат својата определба да бидат работодавач свесен за значењето на човечкиот капитал и почитувањето на стандардите во управувањето на луѓето.
Идејата за овој вид на членство е со заеднички стремежи, асоцијацијата и компаниите да воспостават продуктивен контекст, во кој HR-заедницата ќе биде функционално полезна. Без сомнение, компаниите го препознаа потенцијалот на оваа уникатна соработка. МАЧР веќе брои седум корпоративни членства, со потенцијал оваа бројка да се зголемува.
Во знак на признание за претстојната соработка, на годинешната 11. Меѓународна HR-конференција, насловена „HR – the catalyst of transformation”, претседателот на МАЧР, г-дин Дарко Петровски, на седумте досегашни корпоративни членови, им го додели обележјето - КОРПОРАТИВЕН АМБЛЕМ насловен “People oriented company”.
Значењето на Корпоративниот амблем јасно декларира дека компанијата се грижи за своите вработени и се стреми кон креирање на стручни кадри во својата компанија и нивна обука според највисоки стандарди во иновативната теорија, алатки и практики од HR-професијата.
За вработените во компаниите, кои се корпоративни членови на МАЧР, ова е уште една придобивка. Всушност, придобивките, целите, потребите... и самата идеја за воведување на корпоративното членство во МАЧР е произлезена токму од HR-професионалците во Македонија. Базирајќи се на своето лично искуство во областа на човечките ресирси и големото знаење коешто го имаат стекнато во своите проефесионални кариери, тие ја доловија суштинската потреба на HR-професионалците.
Убедени сме дека преку соработката со нашите корпоративни членови, во иднина корпоративното членство ќе претставува уште побогата и неисцрпна ризница на можности за унапредување на организациите преку поттикнување на развојот на HR-менаџментот, и секако преку унапредувањето на најскапоцениот ресурс во компанијата - вработените.
Во рамките на 11. Меѓународна HR конференција, која што се одржи на Светскиот ден на човечките ресурси, 20 мај 2019, во Скопје, на досегашните први седум компании коишто пристапија кон корпоративното членување во МАЧР, и официјално им беше врачен Амблемот за Корпоративно членство во МАЧР:
Ø НЛБ Банка АД Скопје е првата компанија којашто пристапи кон ваквото членство и се стекна со Амблемот за Корпоративно членство во МАЧР. Амблемот му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, г-дин Антонио Аргир
Ø ТТК Банка АД Скопје е второто остварено корпоративно членство. Д-р Драгољуб Арсовски, претседател на Управниот одбор на ТТК Банка, го прими амблемот.
Ø Парк Хотел & Спа е третата компанија – корпоративен член на МАЧР. Амблемот го прими
г-ѓа Ана Дојчиновска Дракуловска, главен менаџер за човечки ресурси и правни работи.
Ø S&T компанијата исто така е носител на корпоративниот амблем кој му беше врачен на претставникот, г-дин Александар Митков, продукт менаџер.
Ø Корпоративниот амблем за компанијата RSM Macedonia го прими г-ѓа Јаглика Јорданова Андриеска.
Ø Телекомуникациската компанија One.Vip е исто така корпоративен член на МАЧР и нејзиниот амблем му беше врачен на раководителот на секторот за Човечки ресурси, г-дин Стефан Јовановски,
Ø Талент Бизнис инкубатор – Step up беше седмиот корпоративен член претставуван од нејзиниот директор, г-дин Дарко Петровски, кој воедно е и претседател на МАЧР и којшто, покрај индивидуално членство ја приклучи и својата организација кон корпоративното членување во
HR-асоцијацијата.
Македонската Асоцијација за човечки ресурски - МАЧР со задоволство ги очекува следните корпоративни членови.
За повеќе информации во однос на корпоративното членување, можете да не исконтактирате на contact@mhra.mk .