Македонската асоцијација за човечки ресурси, во соработка со QPM / gradar.com и Талент бизнис инкубаторот - Степ-ап, партнер на компанијата за Македонија, на 29 мај 2019 одржа уште едно HR Кафе и Networking, на тема: "Градење на инфраструктура за човечки ресурси во 21 век: Модерна евалуација на работата (job evaluation)како основа за менаџмент со компетенциите, талентите и наградувањето. "
Македонската асоцијација за човечки ресурси, во соработка со QPM / gradar.com и Талент бизнис инкубаторот - Степ-ап, партнер на компанијата за Македонија, на 29 мај 2019 одржа уште едно HR Кафе и Networking, на тема: "Градење на инфраструктура за човечки ресурси во 21 век: Модерна евалуација на работата (job evaluation)како основа за менаџмент со компетенциите, талентите и наградувањето" .
Во време кога и компаниите и вработените се соочуваат со предизвици кои засекогаш го менуваат начинот на нивното функционирање, новите системи на функционирање наложуваат одредени промени во кариерниот тек и кариерните планови на вработените и често предизвикуваат високи административни трошоци. Евалуацијата на работните места, а со тоа и дефинирањето на рамката на критериуми за работното место, може да обезбеди основни процеси за управување со човечки ресурси и да ги подобри работните процеси. Во исто време може да укаже на недостатоци во организациската структура и да покаже можни решенија, како на пример:
- преглед на профили на побарувања и дистрибуција на работните места во компанијата, обезбедува важни информации за планирање на работната сила и анализа на човечките ресурси;
- транспарентни и доследни критериуми за промоција и евалуација на перформансите ја зголемуваат мотивацијата на вработениот
- јасно дефинираните побарувања ги прават процесите на регрутирација, селекција и воведувањето на вработените во работниот процес многу поедноставно и побрзо
- унифицираниот преглед на работни места им помага на ентитетите да растат заедно после спојувања или превземања на компании.
Нашиот гостин од Германија, г-дин Philipp Schuch, на ова HR кафе претстави типичен проект во компанија во која се реализирани: евалуација на работните места, дефинирање и поставување рангови за плата и дефинирање на компетенции за секое работно место. Филип ни ја претстави HR алатката Градар, современ веб-систем за оценување на работни места, којшто е лесен за користење и има широко поле на употреба. Веб-системот Градар е развиен со цел да создаде практичен и разбирлив систем за евалуација на работните места, без дискриминација по пол и возраст. Градар во своето функционирање ги вклучува тековните и актуелните научни наоди, како и практичното искуство стекнато од голем број проекти за проценка на работните места. Секој резултат кој произлегол од наведените проекти подложел на тестирање за релевантност и валидност на нивната применливост во деловната практика.
По презентацијата на Филип, во знак на Деновите на финансиска писменост (29- 31 мај) , претставник од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), г-дин Дарко Саздов, имаше кратко обраќање со цел да ги извести присутните за промените во законот за пензиско осигурување. Во продолжение на настанот, г. Петар Талески од САВА пензиско друштво, г-дин Предраг Милошевски од КБ пензиско друштво и г. Војдан Јорданов од Триглав пензиско друштво одржаа поздравно, информативно обраќање во врска со можностите на нивните пензиски друштва.
Обраќањата беа во фокус на измените на Законот за капитално финансирано пензиско осигурување кои се во примена од 01.01.2019 година. За повеќе информации ќе следува настан посветен конкретно на таа тематика.