Новиот состав на Управниот одбор на МАЧР ја одржа првата конститутивна средба на ден 7ми февруари 2019 год., со којашто претседаваше претседателот на асоцијацијата Дарко Петровски.

Новиот состав на Управниот одбор на МАЧР ја одржа првата конститутивна средба на ден 07.02.2019 год., со којашто претседаваше претседателот на асоцијацијата Дарко Петровски. Водејќи се од мисијата и визијата на МАЧР, на конститутивната седница беше утврдена динамиката со која членовите на Управниот одбор ќе се состануваат, идните чекори во насока на прецизирање на визијата и целите на дејствување на МАЧР, како и начинот на понатамошно дејствување со цел остварување на поголема ефективност и продуктивност на HR заедницата.
За време на седницата, волјата и размислувањата на Управниот одбор флуктуираа во насока да се продолжи со поставување на темелите на сигурноста на напредокот на МАЧР, преку едноставни реформи и дејствувања. Поттикнати од напрежните убедувања, членовите на УО преку посреден пат истакнаа дека вистинската смисла на функционирањето на асоцијацијата е во непрекинливата акција, во непреодливата волја на ХР менаџерите да дејствуваат во насока на подобрување на севкупната состојба на ХР заедницата.
Меѓудругото, беше утврдено дека како и до сега, МАЧР ќе ги поттикнува членовите на поголем ангажман, преку практиката на размена на идеи, искуства и информации од ХР областа и ќе обезбедува координација и развој на ХР општеството во јавниот, приватниот, граѓанскиот сектор и академската заедница.
На конститутивна седница се дискутираше за организацијата на 11тата ХР Конференција. Наскоро ќе бидат објавени сите подробности за најголемиот традиционален ХР настан во Македонија! Можеме само да ветиме и констатираме со сигурност дека не очекува настан, кој веруваме ќе ги надмине сите Ваши (а и наши) очекувања!
Тема на дневниот ред на состанокот беше исто така и воведувањето на корпоративното членство. Целта на корпоративното зачленување е преку истото да се слушне страната на организациите, но секако и на HR менаџерите, кои би помогнале во развивањето на стратегиите за подобрување на HR заедницата, подобрување на состојбата во организациите и секако подобрување на состојбата на вработените!
И за крај, оваа средба исто така беше обележана и со оддавање на признание на поранешниот претседател на МАЧР, Христина Лозаноска. Членовите на УО редеа признанија, пофалби, изјави на почит кои само ја потврдија вредноста и важноста на водењето на Христина, и нејзината улога и допринес кон развојот на МАЧР.

Новиот состав на Управниот одбор можете да го погледнете тука.